Независната продукција „Вортекс“ на 16 февруари на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес ќе ја изведе претставата „Кучешко срце“ во режија на Ѓорѓи Ризески, работена според романот на Михаил Булгаков.
„’Науката уште не знае да ги претвори ѕверовите во луѓе, но затоа системот знае да ги претвори луѓето во ѕверови’ – главна тема на
претставата во која што се прашуваат ликовите за кого е добар редот во кој живееме ние денес или некогаш некои луѓе? За оној што управува или за оној што е управуван? Или можеби би бил само фантазија ако е еднакво добар за двајцата. Булгаков тогаш не би бил инспириран да го напише овој текст, а ние да ја поставиме оваа претстава“, вели режисерот Ризески.
Композитор на мзуиката е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, дизајн фотографија, видео Александар Арсовски и продуцент Марија Баркова. Во претставата настапуваат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска и Тодор Стојковски.
Претставата премиерно беше изведена на 25 јануари 2024 година.