Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и Клубот на млади историчари на Македонија – Клио ја организираат втората студентка конференција за историја, археологија и класични студии на тема „Македонија и балканските земји од историско, археолошко и јазично гледиште“.
Настан ќе се одржи во Свечената сала на Филозофскиот факултет, со почеток во 10 часот и ќе биде од отворен карактер за јавноста. Тој се организира со цел студентите на додипломските студии да се истакнат со своите трудови.
Организаторите најавуваат квалитетни излагања и дискусии со бројните учесници.
Во продолжение, целосната програма на настанот:
10:00 Обраќање на деканот на Филозофски факултет при УКИМ, проф. д-р Ратко Дуев
Обраќање на раководителот на Институтот за историја на Филозофски факултет при УКИМ, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев
Прва сесија, модератор – Кристијан Ризов
10:15 Стефани Гиевска, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Симпозионот кај античките Хелени“
10:30 Ана Грујовска, Институт за класични студии на Филозофски факултет при УКИМ – „Апелативи што означуваат вршители на функции во микенскиот грчки и кај Хомер“
10:45 Јулија Митревска, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Словените низ археолошката и митолошката призма“
11:00 Дискусија
11:15 Пауза
Втора сесија, модератор – Ѓорѓи Ефремов
11:30 Јаким Донев и Кристијан Блажевски, Институт за историја и археологија на Факултет за образовни науки при УГД – „Ранохристијански базилики во Малешевијата“
11:45 Игорче Дунимаглоски, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Византиско-српскиот мировен договор од 1299 година: Значењето на миразот во бракот помеѓу Милутин и Симонида“
12:00 Моника Милошеска, Институт за класични студии на Филозофски факултет при УКИМ – „Употреба на латинизмите на социјалната мрежа Твитер“
12:15 Стефан Штерјов, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Стјепан Радиќ и неговото политичко дејствување во кралството на Србите, Хрватите и Словенците од 1918 до 1928 година“
12:30 Дискусија
12:45 Пауза
Трета сесија – модератор Антонио Неделковски
13:00 Ѓорѓи Ефремов, Институт за историја и археологија на Факултет за образовни науки при УГД – „Националниот идентитет на Македонците на преминот од XIX во XX век“
13:15 Васко Гичевски, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Османлиските зулуми на територија на Битолскиот вилает во периодот 1903-1908 година – преглед низ Австро-Унгарските дипломатски извештаи“
13:30 Евгениј Литовски, Институт за историја на Филозофски факултет при УКИМ – „Македонски револуционери во Октомвриска Револуција“
13:45 Дискусија
14:00 Доделување на сертификати и затворање на конференцијата