Глобалното движење – „Women in tech“ е домаќин на втората целодневна виртуелна конференција за жени во технологијата, која ќе се одржи на 26-ти мај.
Темата на второто издание на конференцијата е „Дигитална еднаквост за сите“, а за време на Виртуелната светска турнеја „Women in Tech 24hour“ ќе се вклучат голем број на меѓународни лидери и лидерки кои застапуваат индустрии од АИ до „Blockchain“, „FemTech“, климатски промени, „HealthTech“ и инклузивност.
На настанот збор ќе земат над 150 говорника – лидери од индустријата, владата, академскиот сектор и непрофитниот сектор, заедно на над 30 панели во живо, „key-note“ говори, интимни разговори и работилници, за време на 24 часовeн пренос.
Од организацијата информираат дека нашата земја ќе се претстави со панел дискусија на тема за дизајнирање на добри продукти со женски инпут – „Designing great products with female flavour” на 26 Мај, среда. Дискусијата ќе се одржи од 19 до 20 часот, ќе биде пренесувана во живо.
Модератор на настанот ќе биде Стефан Митески, додека гости панелисти ќе бидат Катерина Трајчевска – коосновачка на „Adeva“, Горица Тапанџиева – продукт менаџерка на „Nexthing“, Елена Андреева – UI дизајнерка во „TeamViewer“ и Моника Ризовска – проект менаџерка во „Vitala“ и амбасадорка на „Women in Tech“.
Специјален гостин на конференцијата ќе биде Коста Петров, претседателот на ФИТР и долгодишен претприемач.
„Со над 25.000 членови низ целиот свет, меѓународната организација Women in Tech има двојна мисија – да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, каде имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со потребните вештини и самодоверба за да успеат во полињата на СТЕМ кариера. Преку мисијата водена од целите, водена од перформансите, која е тесно усогласена со целите на одржливиот развој на Обединетите нации, ова движење се фокусира на извршување на нашата стратегија со поттикнување на напредок и резултати на четири главни столба, образование, претприемништво, социјална инклузија, наука и иновација“, објаснуваат од организацијата.
За присуствување на сите панел дискусии, потребно е да ја пополните апликацијата за учество. Доколку сакате да се пријавите за проследување на локалната панел дискусија „Дизајнирање на добри продукти со женски инпут“, потребо е да се пријавите овде.