Во тек се подготовките и пријавувањето за второто издание на хуманитарната велодружба „Cycle4Charity”, која годинава ќе се одржи на 15 април со почеток од 17:30 часот.
Целта на овој настан е да се покаже грижата за општеството и поддршка на социјално загрозените семејства и поединци во заедницата и можност за социјализација на отворено во релаксирана велоатмосфера.
Средствата кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности под името „Вистински Дела На Љубезност“.
„Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со онлајн донација од 200 денари на жиро сметката на Интертек со назнака донација за Cycle4Charity“, велат од IT компанијата Интертек, организатори на настанот.
Учеството за велодружбата е потребно да се пријави на следниот ЛИНК. Точната локација и рутата како и повеќе информации за настанот ќе бидат дополнително објавени на официјалните Facebook и LinkedIn профили на Интертек и пратени на е-адреса.
Оние кои сакаат да бидат само поддржувачи на настанот, пред самото случување може да донираат на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ со назнака донација за Cycle4Charity. Трансакциска сметка на налагопримачот: 300000004297815, Комерцијална Банка – Шифра на плаќањето: 562
Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.