По огромниот успех на првиот македонски дабстеп фестивал Bass Platfrom, на 21 декември во Капан Ан ќе се одржи второto издание на фестивалот. На сцената ќе се појават Basscatz, DJ Owlie и MC Slim од Бугарија, додека како домашна поддршка ќе настапат Аномалија Натива и Драш.
Зад името Basscatz стои Martin Bongg, основач и сопственик на една од најпрогресивните балкански дискографски куќи, Platform. Настапува со најпознатите бас и дабстеп имиња повеќе од 10 години. Platform се заслужни за носење на огромен број звучни имиња од глобалната дабстеп сцена, меѓу кои: Caspa, 16 Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside, Balkansky и многу други. Platform се одговорни за првата дабстеп компилација во Бугарија, „Platformula 1.“
DJ Owlie е млад и талентиран продуцент од Бугарија, кој исто така настапува под Platform. Неговите сетови варираат помеѓу deep/минимал дабстеп, future garage и техно, комбинација која дефинитивно ја држи публиката разиграна во текот на целиот сет.
Сетовите на Basscatz и DJ Owlie ќе бидат поддржани од бугарската MC легенда, MC Slim познат и како Slimacity.
Аномалија Натива е музичко дуо од Македонија. Нивниот музички стил е под различни влијанија, од џангл/drum and bass, до хип хоп, брејк бит, даб па дури и до класичниот звук. На Bass Platform 2 тие ќе презентираат и дел од нивното авторско LP, Attention.
Драш е еден од најголемите поборници на дабстепот во Македонија, кој уште од 2009 година со својата емисија „Bass Junkeez“ ги постави темелите на македонската дабстеп сцена. Во моментов активно работи на проектот S.U.B. во кој објавува неделни подкасти и интервјуа со македонски и странски bass DJи.
Покрај одличната музика на настанот ќе можете да проследите и 3D Mapping проекција, дело на Александар Анастасовски Мутер, информираат организаторите од Bass Infusion.
Фестивалот почнува во 23 часот.