Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика кој ќе се одржува од 27 мај до 3 јуни.
Годинава, велат од Универзитетот, во рамките на програмата ќе настапат познати светски имиња од различни држави, а воедно ќе се одржат и мастеркласови за студентите од Музичката академија.
На 27 мај настапува чешкиот кларинетист Карел Дохнал со пијанистката Наташа Трбојевиќ. Следниот ден, на 28 мај ќе настапи реномираната флејтистка од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ. На 29 мај свој настап ќе има турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со пијанистката Милица Шкариќ.
3 јуни е резервиран за настапи на најдобрите студенти од Музичката академија.
Настапите ќе се одржуваат во Уметничката галерија „Безистен“, секој ден со почеток од 19 часот.