Викендов, од 4 и 6 декември, во киното Фросина при Младинскиот културен центар ќе се одржи Skopje Guitar Festival 2015.
Фестивалот е уникатен музички настан кој преку својата жанровска разноликост ја поддржува македонската гитарска сцена.Составен е од два дела – концертна платформа која нуди простор за креативно изразување на артистите од класичната, блуз, џез и рок сцената и едукативен дел со инспиративни музички работилници.
За вечерва се најавени настапите на Борче Наумовски и квартет „Нуово”, Бекри Сејфула, Љубомир Наќески со квартет „Нуево“, џез-квартетот „СГФ“ и џез-составот „Фирс”. Во сабота пак пред публиката ќе се претстави гитарското дуо Дејан Лазаревски и Виктор Пешчеров, Јетмир Мехмеди, Стефан Волчевски, ФМУ гитарски квартет и „Минстрелс галери“. Во недела пак ќе настапи и бендот на СГФ и „Кабадајас“.
За време на фестивалот се предвидени и повеќе работилници чие пријавување е во тек.
Целата програма за фестивалот може да се види ОВДЕ.