Со почеток во 19 часот, денеска, 16 октомври ќе се одржи второто издание на Скопски градски фестивал во Домот на Армијата, во организација на „Баги комуникации“.
На фестивалот превидено е да настапи групата „Zulu 3.4“ која ќе го промовира својот нов албум насловен „Fragments“. Исто така, предвиден е настап на дуото Атанасовски Хаџиманов, односно на Васко Атанаовски кој е водечки словенечки и европски саксофонист и најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано Васил Хаџиманов.
Дополнително, на Скопски градски фестивал ќе настапи и водечкиот грчки музичар Танос Ставридис кој ќе го промовира неговиот нов албум „Spicey Margarita“, прогласен за еден од најдобрите европски светски музички албуми в0 2021 година.
Влезот е бесплатен, но организаторите посочуваат дека за публиката е потребна потврда за вакцинација.