WatchOut! фестивал од 19 до 22 јуни во Тетово

Седмото издание на филмскиот фестивал WatchOut! во организација на Центарот за балканска соработка ЛОЈА во Тетово, годинава ќе се одржува од 19 до 22 јуни.

Проекциите и активностите ќе се одржуваат во Амфитеатарот на Спомен-куќата на Комунистичката партија, со почеток во 20:00 часот.

Жирито оваа година составено од познатиот писател Башким Шеху (Тирана – Барселона), видеоуметникот и граѓански активист Фабијан Лангер (Берлин), визуелниот уметник Оливер Мусовиќ (Скопје) и кинематографот Лусе Ауант (Клермон-Феран) ги наградија следниве филмови:

Краток игран филм: „The Theory of Sleep” – Рубен Барбоса / Шпанија / 20 ‘/

Експериментален: „Hello Joe“ – Грахам Кели / Холандија / 19 ‘

Документарен филм: „The Journey to Iceland ” – Цезар Ваљехо де Кастро / Шпанија / 13 ‘/

Победниците ќе присуствуваат на фестивалот и ќе добијат награда, а ќе одржат и ќе работилници. Во рамките на фестивалот ќе се одржат и неколку дебати, но и забави.

Фестивалот Watch Out се организира со поддршка на Гете Институтот – Скопје, а делумно поддржан од К. Вустроу.

Целосната програма на Фестивалот е достапна на официјалната веб страна: www.watchoutfilmfest.com

Влезот за настаните е бесплатен.