Ways2Help повикува секој да сподели приказна за позитивни промени во околината

Платформата Ways2Help oдбележува една година постоење и, преку својот пример, ги повикува и останатите да споделат приказни за позитивните промени кои ги направиле во околината.

„Без разлика дали сте учествувале или пак вие самите сте поттикнале некоја хуманитарна акција, сакаме да ја слушнеме вашата приказна. Споделете ја вашата позитивна промена на вашиот ФБ профил: Пишете која била вашата мотивација за истата. Означете ги учесниците и организациите со кои сте соработувале. Не заборавајте да ги искористите хаштазите #365ПозитивниПромени #365Ways2help. Ги очекуваме вашите #ПозитивниПромени“, соопштуваат од Way2Help.

Од платформата велат дека на почетокот од глобалната пандемија илјадници луѓе останаа без своите примарни приходи. Невработеноста драстично се зголеми, а голем број социјално-загрозени семејства останаа без електрична енергија.

„Хуманитарните организации не поседуваат доволно ресурси за да обезбедат соодветната помош, а ризикот за акции на терен се зголемуваше со секој изминат ден. Но, постоеше еден тим кој веруваше дека можеме да направиме промена. Заедно верувавме дека можеме да пружиме помош на хуманитарните организации и да обезбедме услови за подобро образование, топол дом и достоинствен живот за најранливите семејства“, велат од организацијата.

Во текот на една година, велат тие, со нивните мали но значајни акции, овозможиле исплаќање на над 700 сметки за струја, училишен прибор за над 80 деца од социјално загрозени семејства, и преку една акција за донирање на концервирана храна – над 90 килограми храна.

„Но, веруваме дека како заедница сме постигнале многу повеќе. Токму затоа, оваа година сакаме да ја прославиме заедно со сите вас. Заедно со сите кои сте вклучени во позитивните промени околу нас“, соопштуваат од платформата.

Од таму повикуваат и сите да се вклучат во заедницата Ways2Help Community.

Секој може да донира и придонесе со плаќање на струја и вода (ТУКА).

За прославата на својот прв роденден, Ways2Help повикува секој да постави прашање до тимот во среда (утре, 28 април) од 20:30 часот (ТУКА).