Осаменоста, љубовта, и глобалното затоплување се темите кои ги обработува аниме филмот на Макото Шинкаи, „Weathering with you“. Филмот ги сруши рекордите на гледаност само неколку недели по неговата премиерна проекција во Јапонија.
Во Тексас, постои изрека која вели: „Ако не ви се допаѓа времето, почекајте неколку минути.“ Но во Токио, временската прогноза не се менува многу често, туку напротив, за таа да се промени потребна и човечка жртва… Можеби.
Средношколецот Ходака пребегнува во Токио, град кој е под интензивен дожд веќе два месеци. Тој се вработува во еден окултен магазин и се запознава со Хина, девојка која има моќ да го манипулира времето. Оваа двојка очајно се обидува да се справи со сите временски непогоди и лудории во кои се вмешуваат.
„Weathering With You“ е магично – реалистична приказна на јапонскиот режисер Шинкаи. Неговиот аниме филм, „Your Name” (2016), стана првиот филм кој заработил повеќе од 10 милијарди јени (100 милиони долари) во Јапонија, а не e во режија на Хајао Мијазаки, познат манга уметник и аниматор.
Погледнете го трејлерот за популарното аниме: