На 23 декември во „Ла Кања“, веќе неколку години по ред се одржува настан посветен на Тамара Тодоровска. Тамара Тодороска трагично го изгуби животот во сообраќајна несреќа во 2017 година. На 23 декември ќе наполнеше 24 години.
Но, поради оправдани причини, настанот беше одложен, па тој ќе се оствари утре, на 5 јанурари, со почеток во 20 часот.
Во „Ла Кања“ ќе се пуштаат омилените песни на Тодоровска од „APTBS“, „The Verve“, „The Gits“, но и „Slowdive“.
„Пешачкиот премин е за слободно минување, не за смрт“, порачуваат организаторите.