Work4Youth – конкурс за фотографии на млади на работно место

Меѓународната организација на трудот (ILO), која е агенција на Обединетите нации, објави конкурс за фотографии на кои треба да се претстават млади луѓе на нивните работни места. Конкурсот е дел од иницијативите на Меѓународната организација на трудот за сузбивање на невработеноста кај младите, која според ООН е еден од најголемите проблеми на денешницата. Целта на конкурсот е да се укаже на предизвиците со кои младите се соочуваат на работното место, како и иновативни идеи за надминување на овие предизвици.

Фотографиите кои учесниците ќе ги испратат на конкурсот треба да прикажуваат млади луѓе како работат (на различни места и под различни услови) на креативен и оригинален начин. Фотографите треба да се задржат посебно на условите за работа, родовите бариери, дискриминацијата, неформалноста, миграциите, несигурната работа и руралното стопанство, меѓу другото.

Авторите треба да да се задржат посебно на работните услови, родовите бариери, дискриминацијата, неформалноста, претприемништвото, миграцијата, несигурната работа и руралното стопанство, меѓу другото. За да учествуваат во конкурсот, сите заинтересирани треба да го пополнат официјалниот формулар за учество, а фотографиите мора да се испратат по пат на електронска пошта на ilophotocontest@gmail.com , наведувајќи полно име и презиме, возраст, пол и држава. За најдобрата фотографија е предвидена награда од 1000 американски долари, а истиот износ ќе го добие и победникот во младинската категорија (за автори на возраст од 18 до 29 години), како и најдобрата фотографија од југоисточна Европа (учесниците од овој регион се оценуваат посебно).

Учесниците имаат право да испратат најмногу пет фотографии по автор, најдоцна до 15 април 2013 на полноќ (по средноевропско време, CET). За подетални информации, посетете ја официјалната веб-страница на конкурсот.