Рап-легендите Wu-Tang Clan, кои вчера (15 април) по повеќе од 6 години настапија заедно на затворањето на фестивалот Coachella, најавија дека ова лето ќе издадат нов албум, прв за колективот од 2007.
Оваа година се навршуваат 20 години од издавањето на нивниот антологиски албум „Enter The 36 Chambers“, а обединувањето на групата доаѓа како одлична вест за нивните обожаватели. Концертот на Coachella го проследија десетици илјади луѓе кои беа сведоци на цврст и атрактивен рап-настап што потсети на најдобрите денови на RZA, Method Man, Raekwon, Ghostface Killah….
Додека дел од познавачите предвидуваат дека новиот албум, „A Better Tomorrow“ ќе биде последен во историјата на Wu-Tang Clan, се шпекулира и дека продолжувањето на овој бренд може да зависи од успехот на повратничкото издание.