„x.pose“- проект за паметната технологија и податоците во човечкото тело

„x.pose“ е проект на дизајнерите Xuedi Chen and Pedro G. C. Oliveira, преку кој се испитува нераскинливата врска помеѓу нас и нашите податоци. Со брзите иновации на паметните телефони и останатата технологија, голем број поединци несвесно се согласуваат да споделат голем број лични податоци на социјалните сервиси како што се Google и Facebook. Со сите тие информации, Google може да наслика многу јасен портрет за нивните корисници.

1

„x.pose“ е прилагодено „парче за облекување“, скулптура која ги одразува податоците на оние што го носат во реално време. Дизајнерите исто така, создале и мобилна апликација и сервер кој собира податоци од паметниот телефон на носителот и се поврзува со Arduino, кој ги контролира „реалните скулптури“.

3

Подвижната скулптура е направена од 3Д печатени флексибилни мрежи со слој од реактивни екрани. Овие 20 рачно направени екрани преку кожата на оној кој го носи уредот ги примаат податоците. Колку повеќе податоци се собрани, толку повеќе корисникот е „разоткриен“ и буквално и фигуративно. Ова значи дека скулптурата ја менува проѕирноста, откривајќи ја кожата како рефлексија на податоците што ги пренесува корисникот.

x.pose from Xuedi Chen on Vimeo.

Извор: Design-milk.com