Илон Маск вчера посочи дека функцијата за блокирање ќе биде многу ограничена на социјалната мрежа X, претходно позната како Твитер, со што ќе се одземе функцијата која долго време се сметаше за заштита од вознемирување, пренесува Вашингтон пост.
Маск во повеќе твитови напиша дека функцијата за блокирање „нема смисла“ и дека ќе биде „избришана како „функција“, освен за директните пораки.
It makes no sense
— Elon Musk (@elonmusk) August 18, 2023
Блокирањето корисник на социјалната мрежа го спречува корисникот да комуницира, односно да ги гледа неговите твитови, да ги цитира твитовите или директно да го контактира. Блокираниот корисник јасно знае кога е блокиран.
Не е јасно кога промената ќе стапи на сила, или дали функцијата може да се отстрани без да се прекршат условите за користење на „AppStore“ и „PlayStore“, кои бараат апликациите да обезбедат можност за блокирање на корисници.