X (Твитер) официјално вреди помалку од половина од она што го плати новиот сопственик Елон Маск

Вредноста на социјалната мрежа X (Твитер) внатрешно е проценета на 19 милијарди долари, објавија повеќе меѓународни медиуми, што претставува пад од 55% од она што Илон Маск го плати за компанијата минатиот октомври, по една година на големи промени и борба за приходи во компанијата.

Компанијата е проценета на 19 милијарди долари врз основа на вредноста на акциите што им се доделуваат на вработените, според Њујорк Тајмс, повикувајќи се на внатрешни документи.

Најновата проценка е нешто повисока од проценката во август од 16.9 милијарди долари на „Fidelity“ кои имаат мал удел во X.

Досега, вработените во X работеа таму без да знаат колку вреди компанијата откако ја купи Маск.