YOUTH & MEDIA DIGITAL NIGHT – целовечерен техно подиум

На 8 февруари (сабота) во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи целовечерен музички настан, кој Радио МОФ, Метаморфозис и Prime Info оваа година го организираат како финално случување во рамки на меѓународната конференција “Млади и медиуми – еОпштество”.

YOUTH & MEDIA DIGITAL NIGHT – целовечерен техно подиум

Youth & Media Digital Night е редок електронски музички настан во Македонија кој ги спојува западноевропската и балканската музичка електронска сцена, а домашната публика ќе има чест за првпат во Скопје да ги слушне:

Alexander Kowalski од Берлин, со свој LIVE настап, еден од омилените артисти на музичките критичари кои овие години му доделија титули како best producer, best live act и две номинации на “German Dance Awards”. Карактеристично за Kowalski е тоа што е фокусиран на LIVE настапи и што продуцира познати ремикси за артисти како Paul Kalkbrener, Funk D’ Void, Agoria…

Petar Dundov, чиј диџејски сет ќе биде негово прво претставување во Македонија. Тој доаѓа од Хрватска и важи за еден од најпочитуваните артисти на Балканот. Без сомнеж, Дундов е и еден од најоригиналните и најуникатните продуценти на денешницата, со огромна поддршка од Sven Vath, Laurent Garnier, Adam Beyer, Josh Wing, Guy J, Hernan Cattaneo.

Speedy доаѓа од Белград и e веќе познат на македонската техно публика, а се вбројува меѓу најзаслужните артисти за враќање на техно сцената во Србија.

Горан Кан и Виктор Апостолски ќе дадат домашна музичка поддршка, а за визуелизациите задолжени се Lazy Kidz Visualz.

Влезници за настанот може да се набават на сите продажни места на www.mktickets.mk, почнувајќи од 27ми јануари, по цена од 200 денари. Влезницата на врата ќе чини 250 денари.

YOUTH & MEDIA DIGITAL NIGHT by Radio Mof on Mixcloud

Настанот претставува врвнo музичко електронско доживување за младата популација од Македонија и обезбедува висока синергија на квалитетна музика, звук, светло и визуелизации, како и дигитален [HD Live Stream] пренос во живо на интернет, со цел да се овозможи настанот да биде проследен од сите заинтересирани млади кои користат интернет ширум светот.

YOUTH & MEDIA DIGITAL NIGHT има за цел да ги промовира комуникациските вредности на 21 век, како што се: дигитализацијата, електронската музика, визуелизациите, новите медиуми, социјалните мрежи и другите форми на електронска и дигитална комуникација и продукција.