Видео игрите се начин на живот. Видео игрите се забава. Видео игрите се едукација. Видео игрите на младите им отвораат и неограничен „прозор“ за креативност, размислување и истражување, па паѓаат во вода сите оние клишеа и стереотипи дека тие се само „губење“ или „тепање“ време.
Гејмерите велат дека видео игрите се медиум чии пораки и содржини поврзуваат милиони луѓе, цели заедници што преку гејмингот се дружат, се надополнуваат и учат едни од други.
Затоа, со првата епизода од новата сезона видео подкасти „YouThink“ ја одбележуваме гејминг културата.
Во студиото на Радио МОФ гостин е Марио Спасевски ака Ninja Monkey, момак од гејминг сајтот gg.mk, а тука е и неговиот „partner in crime“ од подкастот „Дебели Гикови“ – Огнен Златков.
Овој подкаст е дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, имплементиран од IREX во соработка со Младински образовен форум, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Бојан Шашевски