Популарната преработка од канадскиот астронаут Chris Hadfield на хитот „Space Oddity“на David Bowie која ја видоа повеќе од 22 милиони денеска е тргната од Youtube.
Според твитот на астронаутот, песната била поставена на каналот под посебни услови и со лиценца која трае една година и истекува денеска. Претходно синот на Hadfield тврдеше дека се работи на случајот со издавачите на Bowie за песната и понатаму да остане достапна до публиката.
Bowie’s last day – we had permission for a year, so our Space Oddity video comes down today. One last look: http://t.co/z6umXHoPCk
— Chris Hadfield (@Cmdr_Hadfield) May 13, 2014
Chris Hadfield во јавноста стана познат по тоа што често твиташе од вселената и испраќаше интересни едукативни видеа објавени на каналот на Канадската вселенска агенција на Youtube. Тој го забавуваше светот со неговите поетски твитови, извонредни фотографии и лекции за изведување на наједноставните активности во бестежниска состојба.
Пред своето враќање од вселената на 13 мај 2013 година тој го објави хитот „Space Oddity“, издаден во 1969, годината кога Neil Armstrong стапна на Месечината. Преработката на песната астронаутот ја направи за време на престојот на Меѓународната вселенска станица го преработи. Тогаш и самиот Bowie, преку Твитер го поздрави авторот на спотот, а видеото на Youtube за помалку од 24 часа го видоа речиси два милиони луѓе.
Извор: The Verge