Robert Kyncl, член на управниот одбор на YouTube, на обраќање на CES 2016 саемот најави дека компанијата планира да воведе HDR (high-dynamic range) квалитет и снимки со поглед од 360 степени на платформата за споделување видеа.
За време на обраќањето Kyncl, кој работи за YouTube од 2010, изјавил дека до крајот на оваа деценија дигиталното видео ќе стане доминантен начин на гледање видеа.
„Верувам дека дигиталното видео ќе ја надмине телевизијата, и ќе биде основниот начин на кој луѓето го трошат слободното време до крајот на оваа деценија. YouTube ќе биде еден од најголемите играчи во таа промена“, изјавил Kyncl, додавајќи дека единствени две нешта кои луѓето ги прават повеќе од гледањето видеа се јадење и спиење.
HDR видеото се прави со комбинирање на две видеа или слики, при што се комбинираат со цел да имаат најдобро можно осветлување и квалитет, со повеќе бои и детаљи.
Сепак, главната тема на говорот на Kyncl бил растечкиот потенцијал на виртуелната реалност и видеото од 360 степени. Тој открил и дека YouTube и производителот на камери и опрема GoPro ќе работат заедно за создавање на повеќе содржини со 360 степени. GoPro планира да создаде сферна камера годинава, како начин да поттикне повеќе вакви снимки.
Извор: Newsfactor