За 10 години властите „излажале“ 500 милиони денари за инвестиции во студентски домови

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Не постои архива која може да ги пронајде сите ветувања за изградби и модернизации на студентските домови, но овие фрази, проследени со милионски суми, последнава деценија многу лесно излегуваа од устите на политичарите насочени кон студентите. Но, бројките покажуваат дека од година во година ветувањата на властите завршуваат во катастрофални потфрлања.

    Безмалку при секое „кроење“ на буџетите, јавните пари наменети за подобрување на состојбата со македонските студентски домови погрешно се проектираат. Радио МОФ ги провери ставките наменети за изградба и реконструкција на студентски домови од Буџетот и Завршните сметки на Буџетот за последниве 10 години. Податоците покажуваат дека разликата помеѓу планираните и потрошените пари за оваа намена е скоро 500 милиони денари во минус.

    За една деценија првично планираните буџети за изградба и реконструкција на студентски домови надминуваат сума од милијарда денари, додека вкупната реализација на оваа развојна програма, која потпаѓа под Министерството за образование и наука (МОН), според податоците од завршните сметки е нешто над 500 милиони денари.

    Со оглед на тоа што Буџетот го предлага извршната власт, а го одобрува Собранието, тоа значи дека овие две институции секоја година „грешеле“ во просек по 50 милиони денари за инвестиции во студентските домови.

    Доколку ова го преведеме на малку послободен јазик, властите за една деценија „излажале“ 8 милиони евра инвестиции во студентските домови.

    Потфрлањата се разликуваат низ годините. Во вкупна бројка, најнадуваните буџети биле оние од 2017 и 2018 година, кога биле проектирани преку 400 милиони денари повеќе од реализираните инвестиции во студентските домови. Додека процентуално најголеми потфрлања има во буџетите од 2011 и 2009 година, кога од предвидените средства потрошени за таа намена биле само 5, односно 9 проценти.

    Само во две, од последните десет години, се регистрира натфрлање на буџетот за обнова на студентските домови во Северна Македонија. Односно 2012 година, кога биле потрошени 7 милиони денари повеќе од првично предвидените и 2015 година кога се потрошиле двојно повеќе пари од првично предвидените.

    Студентски домови се ветуваа како од шега

    Овие диспропорции меѓу планираното и реализираното најлесно можат да се објаснат низ лажните ветувања на политичарите од кои македонските студенти видоа многу малку во реалноста.

    Минатата влада конкретни ветувања за изградба на нови студентски домови објави на крајот на 2015 година. Тогашниот премиер, Никола Груевски најави изградба на три нови студентски домови, два во Скопје, на местото на поранешните бараки на домот „Невена Георгиева – Дуња” (Медицинар), како и во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски” и еден студентски дом во Тетово.

    Овие ветувања никогаш не се реализираа и додека Буџетот за инвестиции во студентските домови за 2016 година е солидно реализиран, потфрлањето е драстично во 2017 и 2018 година кога првичните буџетите се комплетно промашени.

    Треба да се напомене дека Буџетот за 2017 година, во кој се промашени 250 милиони евра, го предлагаше и усвои мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, додека Буџетот за 2018 година, каде е „утнато“ за 170 милиони евра, е производ на парламентарното мнозинството предводено од СДСМ. Ова само покажува дека и двете владејачки гарнитури давале преголеми и, очигледно, нереални ветувања за студентските домови.

    Од МОН овие големи буџетски потфрлања во последните две години го правдаат со политичката ситуација и промените кои се случија во државата.

    „Во изминатите две години имаше отстапки на реализацијата во однос на планираното, најпрво во 2017 година поради политичката ситуација и промената на владината структура. Дефакто назначувањето и екипирањето на раководен кадар во секое министерство, вклучително и во МОН, влијаеше на одложувањето на реализацијата на одредени предвидени активности. Додека во 2018 година,  процентуалната искористеност на проектираниот буџет е поголема во однос на претходната година“, велат од Министерството за Радио МОФ.

    Истовремено, потфрлањето во планираните инвестиции може да се гледа и низ бавната реконструкција на најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, каде се влеваше најголемиот дел од Буџетот на МОН наменет за инвестиции во студентски домови. Реконструкцијата, после неколку години ветувања, започна во 2014 и според првичните најави на надлежните требаше целосно да заврши до крајот на 2016 или почетокот на 2017 година. Реалноста е дека и скоро три години по овој датум блоковите „В“ и „Г“ сè уште се затворени за студенти.

    Но, покрај минатата, и актуелната Влада има ветено амбициозен план за инвестиции во студентското домување. Во програмата на Владата е ветен студентски град во Скопје со спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес центри. Дополнително ветена е и нова студентска зграда во Автокоманда преку јавно-приватно парнерство, универзитетски кампуси во Битола, Штип и Тетово, како и зголемен капацитет на постојните домови.

    Програма на Влада – страна 31

    Бившиот заменик-министер за образование, Петар Атанасов, во кампањата за парламентарните избори во 2016 година, како претставник на СДСМ, ветуваше дека новата Влада ќе изгради нов модерен студентски дом во Штип со капацитет од 300 легла до крајот на 2017 година.

    Во една од последните изјави на темата за студентските домови, премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање се пофали дека е завршена реконструкцијата на четирите згради од Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и дека во текот на летото очекува да се заврши најголемиот дел од реконструкцијата на двете згради од Домот „Стив Наумов“, мензата во „Кузман“, а дека се предвидени средства и за други проекти.

    „30 милиони денари се ставени за проектни документиации за студентски град и за универзитетски градови во Скопје и во другите градови. Со тоа што Студентскиот дом во Тетово веќе започна со изградба. Со проектната документација за студентски град во Скопје и во универзитетските градови во државата верувам дека крајот на оваа година, почетокот на идната година веќе ќе можеме да отпочнеме конкретни постапки за нивно изведување“, рече Заев на седницата одржана на 30 мај оваа година.

    Од 20 јавни набавки 5 се за возниот парк на МОН

    Во годишните планови за јавни набавки, кои ги побаравме од МОН, забележавме дека најголемиот дел од набавките за студентските домови сериозно доцнат од планираните термини.

    На страницата на Бирото за јавни набавки од Планот за јавни набавки на МОН во моментов отворени се само 3 од вкупно 11 постапки кои се однесуваат на студентските домови. И тие три се започнати со доцнење од предвидените термини.

    Во јуни била започната постапката за купување на мебел за студентски домови која, според Планот на Министерството, требало да започне во март. Тендерската постапка за интернет услуги за училиштата и ученичките и студентски домови започнала во април, а требало да почне во февруари. Релативно на време е започната и постапката за тендерот за санација на патеките во комплексот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Отворена е во јуни, наместо во мај.

    Но за останатиот дел од Планот за јавни набавки нема никакви податоци на Бирото за јавни набавки. Тука спаѓа тендерот за санација на мензата во „Гоце Делчев“ со проценета вредност од 27 милиони денари, кој требало да започне во април, како и постапките за изработка на техничка документација и ревизија за санација на зградите од „Стив Наумов“ и изградба на нов студентски дом кои требало да почнат во март и април.

    Интересно е што санацијата на мензата во „Гоце Делчев“ и документацијата за санација на зградите од „Стив Наумов“ се појавуваат и во Планот за јавни набавки на МОН за 2018 година, така што овие постапки доцнат повеќе од година и половина.

    „Актуелното раководство прави максимални напори, за што поголема искористеност на расположливите средства во делот на унапредувањето на условите во студентските домови. Информираме дека во моментов во завршна фаза е јавната набавка за уредување на партерот во студентскиот дом „Гоце Делчев“, додека во периодот што следи ќе биде објавена и набавката за реконструкција на мензата. Во овој дом, неодамна завршија и активностите за целосна реконструкција на блоковите „В“ и „Г“, а во тек е и јавна набавка за нивно опремување, односно набавка на мебел. По однос на постапката за реконструкција на објектите во рамки на студентскиот дом „Стив Наумов“, најпрво е потребно да заврши судската постапка (се чека одлука на Апелационен суд), односно да се реши повеќегодишниот спор кој Министерството за образование и наука го има со изведувач на градежни активности во овие објекти во минатото. Во Тетово започнати се активностите за изградба на студентски дом за потребите на тамошниот државен универзитет“, ни одговорија од МОН на нашето прашање за причините за доцнењето на планираните јавни набавки.

    Од Министерството додаваат и дека со неодамнешната измена на Законот за студентски стандард, државните студентски домови оваа година добија дополнителни средства, надвор од планираните, за непречено функционирање.

    И, додека поголемиот дел од тендерите доцнат, редовно се води сметка за возниот парк на МОН. Од вкупно 20-те договори кои ги направило Министерството од почетокот на оваа година, а кои се објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, дури 5 се за набавка на гориво, гуми и вулканизерски услуги, технички преглед, перење и одржување на автомобилите на институцијата.

    ***

    Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во 2018/2019 4.329 студенти биле сместени во студентски дом, што е намалување од 6% во однос на академската 2017/2018, кога 4.613 студенти престојувале во државните сместувачки капацитети.

    Доколку се бара причината зошто оваа година во 13-те студентски домови низ земјава имало 300 студенти помалку од лани, можеби токму лажните ветувања се добар почеток за оваа потрага.

    Даниел Евросимоски

     

    *Сторијата е објавена во рамки на проектот: „Студентски домови без корупција. Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество -Македонија.

     

  • Për 10 vjet, autoritetet “gënjyen” për 500 milionë denarë për investime në konviktet studentore

    Nuk ekziston arkiv që mund t’i gjejë të gjitha premtimet për ndërtimin dhe modernizimin e konvikteve studentore, por këto fraza, të përcjella me shuma milionëshe, dekadën e fundit shumë lehtë dilnin nga gojët e politikanëve në adresë të studentëve. Por shifrat tregojnë se nga viti në vit, premtimet e qeverisë përfundojnë në dështime katastrofike.

    Pothuajse gjatë çdo “arnimi” të buxhetit, paratë publike të dedikuara për përmirësimin e gjendjes së konvikteve studentore maqedonase projektohen keq. Radio MOF kontrolloi zërat e dedikuara për ndërtimin dhe rindërtimin e konvikteve studentore nga Buxheti dhe Llogaritë Përfundimtare të Buxhetit për 10 vitet e fundit. Të dhënat tregojnë se diferenca midis parave të planifikuara dhe ato të shpenzuara për këtë qëllim janë pothuajse 500 milionë denarë në minus.

    Për një dekadë, buxhetet e planifikuara fillimisht për ndërtimin dhe rindërtimin e konvikteve studentore tejkalojnë shumën prej një miliard denarë, ndërsa realizimi i përgjithshëm i këtij programi zhvillimor, i cili bie nën Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës (MASH), sipas të dhënave nga llogaritë përfundimtare është pak mbi 500 milionë denarë .

    Duke pasur parasysh se buxheti propozohet nga pushteti ekzekutiv ndërsa e miraton Kuvendi, do të thotë që këto dy institucione “kanë gabuar” mesatarisht 50 milionë denarë çdo vit për investime në konviktet studentore.

    Nëse e përkthejmë këtë në një gjuhë pak më të lirë, autoritetet për një dekadë “gënjyen” për 8 milion euro në investime në konviktet studentore.

    Dështimet ndryshojnë gjatë viteve. Në shifra të përgjithshëm, buxhetet më të mëdha ishin ato të viteve 2017 dhe 2018, kur u projektuan mbi 400 milionë denarë më tepër nga investimet e realizuara në konviktet studentore. Ndërsa me përqindje dështimet më të mëdha janë në buxhetet e viteve 2011 dhe 2009, kur vetëm 5 dhe 9 për qind e fondeve të parashikuara janë përdorur për këtë qëllim.

    Vetëm në dy, nga dhjetë vitet e fundit, është regjistruar një tejkalim i buxhetit për renovimin e konvikteve studentore në Maqedoninë e Veriut.Përkatësisht, në vitin 2012, kur u shpenzuan 7 milionë denarë më shumë se sa ishte parashikuar fillimisht dhe në vitin 2015, kur ishin shpenzuar dyfishi i parave të parapara fillimisht.

    Konviktet studentore premtoheshin si me shaka

    Këto disproporcione ndërmjet planifikimeve dhe ajo që realizohej mund të shpjegohen më lehtë nëpërmjet premtimeve të rreme të politikanëve nga të cilët studentët maqedonas në realitet panë shumë pak.

    Qeveria e kaluar premtimet konkrete për ndërtimin e konvikteve të reja studentore i shpalli në fund të vitit 2015. Kryeministri i atëhershëm, Nikolla Gruevski, njoftoi ndërtimin e tri konvikteve të reja studentore, dy në Shkup, në vend të barakave në konviktin “Nevena Georgieva – Dunja” (Medicinar), si dhe pranë Qendrës sportive Boris Trajkovski dhe një konvikt studentor në Tetovë.

    Këto premtime asnjëherë nuk u realizuan ndërsa buxheti për investime në konviktet studentore për vitin 2016 është realizuar në mënyrë solide, dështimi është drastik në 2017 dhe 2018 kur buxhetet fillestare u gabuan plotësisht.

    Duhet të theksohet se buxheti për vitin 2017, në të cilin munguan 250 milionë euro, u propozua dhe u miratua nga shumica e udhëhequr nga VMRO-DPMNE, ndërsa buxheti i vitit 2018, ku është “gabuar” me 170 milionë euro , është produkt i shumicës parlamentare të udhëhequr nga LSDM-ja. Kjo vetëm tregon se të dyja garniturat qeverisëse jepnin premtime të mëdha dhe padyshim jorealiste për konviktet studentore.

    Nga MASH, këto dështime të mëdha buxhetore në dy vitet e fundit i arsyetojnë me situatën politike dhe me ndryshimet që kanë ndodhur në vend.

    “Në dy vitet e fundit ka pasur lëshime në realizimin e planifikuar, së pari në 2017 për shkak të situatës politike dhe ndryshimit në strukturën qeveritare. Emërimi defakto dhe ekipimi i kuadrit udhëheqës në secilën ministri, duke përfshirë MASH-in, ndikuan në vonesën në realizimin e aktiviteteve të caktuara të parashikuara. Ndërsa në vitin 2018, përqindja e shfrytëzimit të buxhetit të projektuar është më e lartë se në vitin paraprak “, thonë nga Ministria për Radio MOF.

    Në të njëjtën kohë, dështimi në investimet e planifikuara mund të shihet përmes rindërtimit të ngadaltë të konviktit më të madh studentor “Goce Dellçev” në Shkup, ku u derdh pjesa më e madhe e buxhetit të MASH-it të destinuar për investime në konviktet studentore. Rindërtimi, pas disa vite premtime, filloi në vitin 2014 dhe sipas njoftimeve fillestare, autoritetet duhet ta përfundonin deri në fund të vitit 2016 ose në fillim të vitit 2017. Realiteti është se pothuajse tre vjet pas kësaj date, blloqet “V” dhe “G” janë ende të mbyllura për studentët.

    Por Qeverisë së kaluar, po ashtu edhe Qeveria aktuale ka premtuar një plan ambicioz për investime në akomodimin e studentëve. Në programin e Qeverisë është premtuar qytet studentor në Shkup me salla sportive, dhoma leximi, biblioteka, restorante, kinema dhe palestra. Përveç kësaj, është premtuar një ndërtesë e re studentore në Autokomandë nëpërmjet partneritetit publiko-privat, kampuse universitare në Manastir, Shtip dhe Tetovë, si dhe rritjen e kapaciteteve të konvikteve ekzistuese.

    Ish-zëvendësministri i Arsimit, Petar Atanasov, në fushatën për zgjedhjet parlamentare në 2016, si përfaqësues i LSDM-së, premtoi se qeveria e re do të ndërtojë një konvikt studentor të ri dhe modern në Shtip me një kapacitet prej 300 shtretër deri në fund të vitit 2017.

    Në një nga deklaratat e kohëve të fundit në temën për konviktet studentore, Kryeministri Zoran Zaev, duke iu përgjigjur një pyetje deputetësh u lavdërua se ka përfunduar rindërtimin e katër ndërtesave të konviktit “Goce Dellçev” dhe se gjatë verës pritet të përfundojë pjesa më madhe e rindërtimit të dy ndërtesave të Konviktit “Stiv Naumov”, sallës së ngrënies në “Kuzman”, dhe se janë paraparë fonde dhe për projekte të tjera.

    “Janë vendosur 30 milionë denarë për dokumente projektuese për qytetin studentor dhe për qytetet universitare në Shkup dhe qytete të tjera. Me atë që Konvikti studentor në Tetovë tashmë ka filluar me ndërtim. Me dokumentacionin e projektit për qytet studentor në Shkup dhe në qytetet universitare të vendit, besoj se në fund të këtij viti, fillimi i vitit të ardhshëm do të jemi në gjendje t’i fillojmë procedurat konkrete për zbatimin e tyre “, tha Zaev në seancën e mbajtur më 30 maj të këtij viti.

    Nga 20 prokurime publike 5 janë për flotën e automjeteve të MASH-it

    Në planet vjetore të prokurimit që kërkuam nga MASH, kemi vërejtur se shumica e prokurimeve për konviktet studentore kanë vonesa serioze sa i përket termineve të planifikuara.

    Në faqen e Byrosë për Prokurime Publike nga Plani i Prokurimit Publik të Ministrisë së Arsimit, janë hapur vetëm 3 nga 11 procedurat në lidhje me konviktet studentore. Dhe që të tre filluan me vonesa nga koha e paraparë.

    Në qershor, filloi procedura për blerjen e mobilieve për konviktet studentore, të cilat sipas Planit të Ministrisë, duhej të fillonin në muajin mars. Procedura e tenderit për shërbimet e internetit për shkollat, studentët dhe konviktet filloi në prill dhe duhej të fillonte në shkurt. Relativisht në kohë, filloi procedura për tenderin për sanimin e shtigjeve në kompleksin e Konviktit Studentor “Goce Dellçev” në Shkup. Është e hapur në qershor në vend se në maj.

    Por për pjesën tjetër të Planit për Prokurim Publik nuk ka të dhëna nga Byroja për Prokurim Publik. Këtu përfshihet tenderi për sanimin e sallës së ngrënies në “Goce Dellçev” me një vlerë të parashikuar prej 27 milion denarë, e cila pritej të fillonte në prill, si dhe procedurat për përgatitjen e dokumentacionit teknik dhe revidimin për riparimin e ndërtesave të “Stiv Naumov” dhe ndërtimin e një konvikti të ri që duhej të fillonte në mars dhe prill.

    Është interesante që sanimi i sallës së ngrënies në “Goce Dellçev” dhe dokumentacioni për sanimin e ndërtesave të “Stiv Naumov” paraqiten edhe në Planin për Prokurim Publik të MASH-it për 2018, prandaj këto procedura shtyhen për më shumë se një vit e gjysmë.

    “Udhëheqja aktuale bën përpjekje maksimale për të maksimizuar shfrytëzimin e fondeve në dispozicion në drejtim të përmirësimit të kushteve në konviktet studentore. Informojmë se aktualisht prokurimi publik është në fazën përfundimtare për rregullimin e ndërtesës në konviktin studentor “Goce Dellçev”, ndërsa prokurimi për rindërtimin e sallës së ngrënies do të shpallet në periudhën e ardhshme. Në këtë konvikt, kohët e fundit përfunduan aktivitetet për rindërtimin e plotë të blloqeve “V” dhe “G”, dhe në rrjedhë është prokurimi publik për pajimin e tyre, dmth. blerjen e mobilieve. Sa i përket procedurës për rindërtimin e objekteve në kuadër të konviktit studentor “Stiv Naumov”, së pari është e domosdoshme të përfundohet procedura gjyqësore (pritet vendimi i Gjykatës së Apelit), përkatësisht të zgjidhet kontesti shumëvjeçar që Ministria e Arsimit dhe Shkencës ka me kontraktuesin e aktiviteteve të ndërtimit në këto objekte në të kaluarën. Në Tetovë kanë filluar aktivitetet për ndërtimin e një konvikti për nevojat e universitetit shtetëror të Tetovës”, na u përgjigjën nga MASH në pyetjen tonë mbi arsyet e vonesës së prokurimeve publike të planifikuara.

    Ministria shton se me ndryshimin e fundit të Ligjit për standardin e studentëve, konviktet studentore shtetërore morën fonde shtesë këtë vit jashtë atyre të planifikuara për funksionim të pa penguar.

    Dhe ndërsa shumica e tenderëve janë vonuar, vëmendje e rregullt i kushtohet flotës së MASH-it. Nga gjithsej 20 kontrata të bëra nga Ministria që nga fillimi i këtij viti, të publikuara në faqen e internetit të Byrosë për Prokurime Publike, madje 5 janë për blerjen e karburanteve, gomave dhe shërbimeve të vulkanizimit, inspektimit teknik, larjes dhe mirëmbajtjes së makinave të institucionit.

    ***

    Sipas të dhënave më të fundit nga Enti Shtetëror për Statistikë, në 2018/2019, 4,329 studentë janë vendosur në konvikte nga 6% në krahasim me vitin akademik 2017/2018, kur 4,613 studentë qëndruan në kapacitetet shtetërore për akomodimin.

    Nëse kërkohet arsyeja pse këtë vit në 13 konviktet studentore në të gjithë vendin kishte 300 studentë më pak se vitin e kaluar, ndoshta premtimet e rreme janë një fillim i mirë për këtë hulumtim.

    Daniel Evrosimoski

     

    *Kjo tekst është pjesë e projektit: ”Konvikte studentore pa korrupsion” “Projekti është i financuar nga Fondacioni Shoqëri e Hapur – Maqedoni Përmbajtja është përgjegjësi e vetme e autorëve dhe grantuesit dhe në asnjë mënyrë nuk mund të konsiderohet se i shpreh pikëpamjet dhe qëndrimet e Fondacionit Shoqëri e Hapur – Maqedoni”