За само два дена во Црна Гора може да се добие диплома за завршено основно образование, објави весникот „Дневне новине“.
Весникот пишува дека во едно основно училиште во градот Рожаје, на северозапад во Црна Гора, потребни се само 500 евра и за два дена може да се завршат четири години образование.
„За само два дена завршив од петто до осмо оделение. Тоа училиште се наоѓа во Рожаје и таму имаше уште десетина ученици од Подгорица како мене. Потребно е да имам некакво образование за да најдам некоја работа“, раскажува за весникот една млада жена, која побарала да остане анонимна.
Црна Гора не е исклучок во купување на фалсификувани дипломи за сите степени на образование, но за разлика од другите држави ваквите случи речиси никогаш не се откриваат, наведува „Дневне новине“.
Извор: Танјуг