Со повеќе од 50 музички артисти од домашната и странската сцена за два дена (28 јуни) започнува четиринаесетото издание на „Д Фест“, најголемиот фестивал во Македонија.
„Единствениот настан кој во тридневна авантура спојува одлична музика, уметност, камп, плажа, спорт, работилници, игри, дружење и илјадници најпозитивни фестивалски луѓе во земјава!“, напишаа од „Д Фест“ на нивната Инстаграм страница.
Оваа година фестивалот ќе трае 3 дена и ќе има 6 различни стејџа, а програмата ќе ја отвори Dj Charlie на Smooth Stage со почеток во 11 и 30 часот.
View this post on Instagram
Освен музичката програма и овој пат „Д Фест“ ќе понуди повеќе од 30 најразлични видови уметности и дружби во „ПлоштАрт“. Ќе има стенд ап, живи статуи, повеќе видови на танци, тетовирање во живо, јога, тарот, масажа, бесплатна психолошка помош, базар и многу други активности.
Оваа година организаторите објавија „Д мапа“, но и „Д Апликација“ за лесна ориентација за време на фестивалот.
View this post on Instagram
„И со само еден клик – Д Фестивал на дланка! Бидете први во тек со сите случувања. Скенирај го QR кодот и на само клик до тебе е #ДАпликацијата!“, истакнаа од „Д Фест“.
View this post on Instagram
Дополнително, во кампот на „Д Фест“ оваа година ќе има „МТЕЛ зона“ во која ќе има директни преноси од европското првенство во фудбал.