Микропластиката беше пронајдена и во облаците, а научниците посочуваат дека состојбата придонесува за климатските промени.
Научници пронајдоа неколку типови на полимер и гума во водата од облаци која ја покрива планината Фуџи, најголемата планина во Јапонија, како и Планината Ојама.
Студијата, објавена во научното списание „Хемиски писма“, дава докази и покажува дека загадувањето од пластика се инфилтрирало во скоро сите еко-системи на планетата Земја.
Пластични фрагменти помали од 5 милиметри, се најдени во најдалечните делови од планетата и најинтимните делови од човековото тело, вклучувајќи крв, бели дробови и плаценти кај бремени жени.
„Засега, ова е прва студија која докажува дека микропластиката се наоѓа во пареата на облаците, тропосферата и атмосферата.
Пареата од облаците била собрана од врвовите на двете јапонски планини, на височина од 1.300 до 3.776 метри.
Во примероците, биле пронајдени девет видови на полимери и еден вид на гума. Облаците содржеле околу 14 парчиња микропластика на литар вода.
Според авторите на истражувањето, пронајдоците покажуваат дека микропластиката може да влијае врз формирањето на облаците и да ја смени климата.
„Ова покажува дека микропластиките станале една од основните компоненти при формирањето на облаците, со што активно загадуваат скоро се’ што јадеме и пиеме преку ‘пластичен дожд’“, се вели во соопштението испратено од Универзитетот Васеда.