Министерството за култура и стратешки комуникации на Украина соопшти дека во земјата се оштетени или уништени 2.109 објекти од културна инфраструктура како резултат на воените операции до 25 октомври годинава, пренесува Ал Џазира Балканс.
Како што се наведува, најмногу се работи за културни институции во надлежност на Министерството, не земајќи ги предвид спомениците на културното наследство.
Според податоците на Министерството, уништени се 368 објекти или 17.45%.
Како што забележуваат, најголеми загуби и штети на културната инфраструктура претрпеа регионите Доњецк, Харков, Керсон, Киев, Николаев, Запорожје и Луганск.
Зафатени се вкупно 1.018 клубови, 750 библиотеки, 163 уметнички образовни институции, 120 музеи и галерии, 38 театри, кина и филхармонии, седум природни резервати, девет паркови и зоолошки градини и четири циркуси.
Како што е наведено од Министерството, Руската Федерација сè уште има контрола над речиси целата територија на Луганск и значајни делови од регионите Запорожје, Доњецк и Керсон, што го оневозможува прецизното пресметување на бројот на културните институции што настрадале како резултат на војна.