За здрава младина – Екологија на духот

ekol student mont 585 cover imgЕфтини студентски приказни и растројства на младината

Живееме во деструктивен токсичен амбиент а нередот на девијантно oднесување секојдневно се вовлекува, шири низ нашите студентски и академски ходници за културолошка цел. Остварување сон на мнозинството со неорганизирано студирање, а со тоа и деструктивен поглед кон иднината, кон времето и животот. Без самоконтрола, граѓански, морални и етички норми живеат див и слободен навидум цивилизиран современ живот со недолична арогантно неорганизирана префинетост.

Дали ова е  ерата на изострен и напреден потенцијал на човештвото?

Здраворазумните академски умови и организации несебично се стремат кон усовршување на интелектуално образовни програми и процеси. Работат во домените на подобро и просперитетно решение за академските граѓани , а со тоа до едукативна младина и подобра иднина. Високо образовни институции за кои организиран систем на однесување и постоење е дел од културата на едно битие.

Но нашата младина преку секојдневни брзи наметнувања од уметност до политики на организации плови во безнадежен времеплов од алкохолизам, наркоманија, агресија до бесмислен апсурден животен тек а наспроти тоа млади болни копнеат по своето здравје и сонуваат за здраво утро. Млади кај кои венецот на трпение со изворот внатре во нив од длабочините на битието им дава нова сила и надеж за подобро утро, натпреварувајќи ја болеста со времето кое одброено истекува тие сепак твораат и живеат во радост на животот, радост на духовното над телесното.

Мнозинството млада секуларистичка популација со нивните стремежи кон усовршување на деструктивни однесувања и стремежи на антикултуролошки академски студии. Движења кои имаат за цел да ги обесхрабрат и малкумината  да бидат концентрирани апсолутно за овој свет. Преку материјализам до ефтини приказни и диктатура.

Но што ли ќе остане земно , што ќе помине како низ магла?

Победници се мнозинството, но малцинството останува недостижно, траен белег на едно време и период, една животна етапа. Ниту војни ниту смртни казни нема да ја остранат вечната вистина за здраворазумно постоење на организиран живот со ред и мир, симетрична конструктивност на живеење. Живот на вистина и добрина.

Нов свет и нови постмодернистички лудила придонес на најголемата штета на човештвото, а тоа носи низа апсурдни приказни по ходниците воедно и залудно потрошно време и живот. Каде е целта на овие млади, здрави и силни луѓе, дали постои целта? Ја загадуваат сопствената екологија на дух и битие.

Пропаганди и неред низ уметност, музика, сликарство, фотографија проследено и со пишување со цел да се зголеми раздорот меѓу граѓаните кои влијаат на младината, а младите ја имаат онаа академска организираност со доброцелна установа на подем каде академските граѓани треба пред се да научат како да размислуваат. Јасно и објективно, а тие не се свесни каде е нивното битие секако загубени во лавиринтите на реорганизирано време со празен простор и растројства.

 

Ефтини студентски приказни/ деструкции на моден дизајн/ анти арт изработки

 

Едната половина од моделот е отстранета

На главата наместо шапка штикла

Наместо коса Рогови црни и бели

На раката синчири долги и тешки

Шминка и силен гнев во одот

Игри и танци во бесот и очајот

Обездушени издигнувања

Слики на апсурд и бесмислен

Надреализам ,Секуларизам

и Нихилизам

Нема вистини, нема добрина

нема убавина на вистината

Деструкција – молња која блеснува

И Земјотрес во човекот

Богоотстапништво

И бездни неморални

Изобличеност на форми и норми

Изгубен идентитет

 

 

Разбудете се ненаспани млади и неуморни тркачи на антикултури, немојте да гледате со затворени очи и почнете динамичен креативен почеток со истражување за вашето постоење. Претворете го вашиот креативен потенцијал во разумно дело за доброто и иднината ваша и  на следните генерации.Бидете фокусирани, енергични, трудољубиви, постојани и трпеливи, радосни, сигурни и безбедни!За растројствата, ефтините приказни и деструкции разумните умови и научници пренесуваат здрави пораки – за здрава младина – екологија на духот, решенија во етика, веронаука и религиозни кодекси на однесување .

Елица Ристова