Долго заборавена книга била вратена во матичната библиотека по 42 години, со банкнота од 10 фунти која треба да ја покрие казната за „пропуштениот рок“.
Детската книга ,,The Cherrys and the Double Arrow” од авторот Вил Скот требало да се врати во библиотека во Бристол до 5 јануари, 1977 година.
Книгата била оставена во сандаче со една „слатка порака” според која книгата е пронајдена во гаражата на позајмувачот и дека библиотеката треба да ја добие назад.
Според менаџерката на библиотеката Хајли Кантел, книгата нема да е достапна на јавните полици. Во книгата со тврд повез, објавена во 1957, стои испечатената дата која го сведочи датумот на враќање, 5 јануари 1977 година.
„Сѐ уште се мислиме што да правиме, книгата е избледена и не е во добра состојба”, посочила Кантел.