Заборавените женски банди од 50-те

teddy1Можеби сте чуле за “Teddy Boys“, младите бандити од 50-те во Британија, познати по денди-стилот на облекување, инспириран од Едвардовата ера и aмериканскиот рокенрол.

Оваа група се формирала и била присутна од источен Лондон до северен Кенсингтон и медиумите ги претставувале како бунтовници од (сериозен) висок профил. И покрај огромната улога која ја имала супкултурата на „Teddy Boys“, онаа од страната на жената останала незабележана во историските архиви на групата. Ова се мал дел од неколкуте колекции на документирани фотографии, од првата женска британска младинска култура која некогаш постоела.

Во 1955, “freelance” фотографот, Кен Расел ја запознал Џоси Бјукан, членка на оваа група која го запознала со своите пријатели. Расел ги фотографирал нив и уште една група во Нотинг Хил.
По објавувањето на неговите фотографии во едно списание во 1955, фотографиите не биле прикажани речиси полoвина век, а во меѓувреме тој станал познат филмски режисер. Во 2005-та, неговата архива беше повторно откриена, со неа и ‘’Teddy Girls’’.teddy7
Расел се сеќава на тогаш 14-годишната „Teddy Girl„, Џин Рајнер:

„Таа имаше цврст став. Скоро никој не обрнуваше внимание на овие девојки пред јас да ги фотографирам, иако „Teddy Boys“ беа прилично популарни. Тие беа силни деца, бидејќи беа родени за време на војна. Овие слики се направени пред завршетокот на кризата за храна. Тие беа горди и свесни за своите вредности. Не се грижеа што носат, беа такви како што навистина се.“
За да се разбере стилот на ‘’Teddy Girls’’, задолжително е да се осврнеме кон истата културата која постоела и кај момчињата. Taa проникнала во Англија во повоениот, кризен период, кај тинејџерите од средната класа. Можеле да си дозволат добра облека, како и високиот стил на обновената Едвардова денди мода. До средината на 50-те, облеката од овој стил била купувана на пазарите за облека од втора рака, поради тоа што високата класа веќе немала желба да ја носи.

„The Teds“ – како што милувале да се нарекуваат самите, преферирале да носат долги, драперски јакни со сомотски јаки, тенки вратоврски, а на сето тоа и чевли со гумени ѓонови и неизбежната залижана фризура по теркот на нивните американски рокенрол идоли.

teddy5

И покрај крајно џентлментскиот стил (спореден со овој денес), “The Teddy’s” претставувале младинска култура која била нешто сосема спротивно од онаа на нивните родители. Тие ја шокирале постарата генерација, па поради тоа медиумите најчесто ги прикажувале како проблематични.

Девојките од истоимената група претежно припаѓале на работничката класа, но медиумите ним не им посветиле толку многу внимание, бидејќи нивниот сензационалистички фокус бил насочен кон насилната младинска култура од работничката класа. Додека момчињата биле познати како проблематични вандалисти и биле постојано на улица предизвикувајќи проблеми, на девојките од средната класа се уште им било наметнато да работат околу домот.
Иако девојките заработувале помалку во споредба со момчињата, ‘’Teddy Girls’’ сепак доследно го следеле стилот на облекување. Носеле драперски јакни, подвиткани фармерки, рамни чевли, кадифени палта. Тие несомнено додале женственост на овој моден стил со сламени шапки, брошови, еспадрили и елегантни плик-ташни. Ги посетувале кината, оделе на танц и концерти со момчиња, собирале рокенрол плочи и списанија. Заедно, тие го култивирале првиот пазар за тинејџерска забава во Британија.Luton-1954-Poster

На крајот, проблематичниот углед на ‘Teddy Boys’ стивнал како дел од оваа субкултура. Претставениот вандализам и насилство останало хиперболизирано само од страна на медиумите, иако неколку банди одбрале да го следат потемниот пат. Повеќето посветени членови биле инволвирани во ситни криминални дејствија како препродавање различни дребулии, имало и такви фашистички банди кои дивееле со ножеви и жилети и изведувале расистички напади.

 

Погледнете едно кратко интервју со “Teddy Boys”:

Навистина е штета што ваков интересен и елегантен стил на облекување на младите бил поврзуван со голема негативност. ‘Teddy Boys“ се всушност првата група во Британија која сама го креирала својот стил, но на крајот во историјата се чини дека останале запомнети само како жртви на модата.

Извор:  www.messynessychic.com