„Направи пауза, живеј како во 93-та, е-мејлови може да почекаат“, е пораката која ги пречекува муштериите на книжарница во Каспер, Вајоминг. Единствен текст кој е дозволено да се прочита овде е оној напишан на страници од книга.
Правилото на оваа книжарница е муштериите да одморат од паметните телефони, лаптопите и таблетите, а како гаранција за тоа е исклучениот безжичен интернет.
„Заслужувате време за себе“, вели сопственичката на книжарницата Вики Бургер.
Таа сака нејзината книжарница да биде место каде луѓето ќе се опуштат, наместо да биде центар за поврзување. Одговорот на оваа идеја бил доста позитивен.
Клиентка од друг град ја здогледала книжарницата додека барала интернет конекција, во моментот кога го забележал знакот „нема wi-fi“. Но, тоа не ја повратило, напротив, таа го оставила нејзиниот лаптоп во автомобилот, влегла во книжарницата и купила неколку книги.
„Таа ми се заблагодари што и дадов дозвола да не биде на нејзиниот компјутер“, рече Бургер.
„Ние само ги охрабруваме луѓето да направат пауза“, додава.