Во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија успешно беше извршена втората трансплантација на срце во Северна Македонија.
Како што објави на социјалните мрежи Министерот за здравство, Венко Филипче, операцијата завршила успешно во 3 часот и 33 минути утрово, а срцето го доби момче на 27 години.
„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, напиша Филипче.
Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација…
Posted by Венко Филипче on Saturday, April 17, 2021
Синоќа беше постигнат уште еден успех на македонската медицина, откако докторот Виктор Камнар, од Клиниката за ортопедски болести, на социјалните мрежи објави дека била извршена првата експлантација на коскено ткиво од починат донор во земјава.
Прва експлантација на коскено ткиво од починат донор во Република Македонија. pic.twitter.com/Qq4HRZPiCL
— Viktor Kamnar (@VKamnar) April 17, 2021
Првата успешна трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година.