Заедничка изложба на проекти на македонски и швајцарски студенти во Сули ан

„Студентски проекти за Македонија – учење едни од други“ е насловот на изложбата на заеднички проекти на студентите од Машинскиот факултет при УКИМ и од Универзитетот за уметности во Цирих.

Изложбата е закажана за 10 јуни, во просторите на Сули Ан, со почеток во 19:00 часот.

На неа ќе бидат претставени четирите проекти на кои работеа студентите, односно: за нова интерпретација на македонската традиција, брендирање на природна македонска храна, концепти за мавровската околина и урбан центар за креативност и одржливост.

Задничкиот проект на студентите „Sustainable business propositions for Macedonia” започна на 16 мај 2016 година. Четири недели, студентите работеа заедно за развој на одржливи решенија заедно со засегнатите страни од различни индустрии во Македонија.

Целта е меѓукултурна соработка и можност студентите со различни потекла и култури, да истражуваат, анализираат и да најдат концепт за развој на реални бизнис случаи, вклучувајќи идентитет, брендирање и комуникација, како и основните бизнис стратегија за вистинска економска состојба во Македонија.

Во склоп на изложбата ќе има неколку презентации од страна на организаторите на настанот. Воведен збор ќе има заменик-шеф на мисијата на Швајцарија во Македонија Катарина Штокер, деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Атанас Кочов и студентите кои се одговорни за развојот на проектите.

Проектот е дел од програмата „Design with Social Impact”, иницирана од страна на Универзитетот за уметност во Цирих. Нејзината цел е да им понуди на студентите од Швајцарија, Македонија и Кенија знаења и методи за работа на социјално животната средина и еколошките предизвици, а преку тимови да работат со засегнатите страни и загрозените заедници.