Во Социјалниот Центар „Дуња“ во Скопје, утре (13 декември) со почеток од 20 часот, со заеднички концерт на импровизирана музика ќе настапат „Амплидајн Ефект“ (Amplidyne Effect) на електроника и Мартин Џорлев на гитара.
„’Амплидајн Ефект’, проект на Мартин Георгиевски, е активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика со сесии од импровизирана музика“, стои во најавата за настанот.
Од тогаш, има издадено бројни изданија а настапувал на повеќе регионални и меѓународни фестивали како „Похода“ во Словачка, „Десонанз“, „ПНЕМ Саунд Арт Фестивал“ во Холандија, „Скопскиот џез фестивал“ итн.
„Мартин Џорлев е широко препознаен по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот „Луфтанза“’, соопштува организаторот.
Музичкиот пат на Џорлев започна како дел од различни музички состави и проекти, како што се „Зулу 3.4“, „Луфтанза“, „Стој, После!“, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.
Влез: препорачана донација за артистите.
„Не пропуштајте уникатно музичко доживување!“, велат организаторите.