Заедно за Меѓународниот ден на Ромите 8-ми април

По повод меѓународниот ден на Ромите 8 – ми април, членовите на клубовите Учиме Право, Дебата, Медиа и Арт на Ромаверзитас/ФООМ, организираа настан за одбележување на овој ден со наслов: „Заедно за 8-ми април”

Заедно за Меѓународниот ден на Ромите 8-ми април

Прославата во клубот Гем започна со промоција на видеото Happy (Pharell Williams) кој е подготвено по  иницијатива на млади Роми од цела Европа, а со цел  членовите на Ромаверзитас да им го честитаат Меѓународниот Ден на Ромите, како најбројно малцинство во Европа.

По промоцијата на видеото, средношколците од напредната дебатна група дебатираа колку ромските невладини организации помогнале на својата заедница. Афирмативниот тим ја застапуваше тезата дека  ромските невладини организации од самиот почеток на нивното основање од многу помогнале за инклузијата на Ромите, образованието и правата на Ромите. Негацискиот тим пак ја побиваше аргументацијата на афирмативниот став дека невладините организации постојат како „проформа“ за застапување на Ромите, тимот смета дека невладините организации не треба да постојат.

2

Целата  церемонијална прослава заврши со театарски перформанс преку кој се сака да се прикаже патот на Ромите. Перформаност на тема „Патот на Ромите“ беше подготвен од страна на учесниците на Арт клубот Ромаверзитас/ФООМ, во соработка со МОФ и Санела Емин како гостин предавач.

3

Сите фотографии од настанот може да ги видите на следниот ЛИНК.