Премиерот Зоран Заев вечерва поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори.
„Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ“, рече Заев на прес-конференција.
„Сакам да споделам разочараност кај мене и кај народот. На овие избори видовме сојузи на жртви и насилници од 27 април. Се здружија без каков било образ за глас и пари“, додаде тој.
Воедно, им честиташе на противниците за победата на локалните избори. Тој останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.
„Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири“, рече Заев.