Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Граѓаните секојдневно поднесуваат жалби до народниот правобранител, судовите и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) за отпис на долгови, а извршителите, судовите и правната фела тврдат дека со новиот закон не е одредено кој треба да го спроведе застарувањето на долговите. За оваа проблематика денеска имаше и протест, каде граѓани побараа извршителите да почнат да ги застаруваат долговите.
Со измените од Законот за облигационите односи и Законот за извршување, кои беа донесени од Собранието на 18 јули, а стапија на сила два дена подоцна, се ограничи каматата на долговите и сега таа изнесува исто колку што изнесува долгот. Исто така, се поставува и рок на застареност во извршна постапка кој изнесува 10 години од моментот на поднесеното барање за извршување.
Додека ограничувањето на каматата на долговите се применува, застареноста останува правно нерешен проблем.
„Секојдневно стигнуваат голем број жалби од граѓаните. Не ми е јасно ова што го направија, подобро да не носеа никаков закон отколку да донесат неспроведлив. Си играат со луѓето“, истакнува Марјан Ристески, претседател на КСОМ за Радио МОФ.
Ристески вели дека во Собранието има правници, адвокати и професори по право кои очигледно не знаат што донеле и веќе некое време не знаат како да реагираат. Тој апелира дека некој треба да излезе и да донесе заклучок, да се наложи примена на законот или да се признае грешката.
„Родителите ги праќаат децата во странство да заработат некој денар за да можат тие да дишат, станува збор за длабоки семејни проблеми произлезени од ова прашање. Во нормална држава ова се решава за 4 часа, се разгледува ситуацијата, се утврдува пропустот и се кажува решение, кај нас 8 месеци се чека. Чесно е да излезат и да кажат што е проблемот, наместо вака да молчат“, додава Ристески.
Воедно, тој објаснува дека синдикатите и граѓанските здруженија за човекови права со години се собирале и бореле за овој проблем и дека нема да се откажат. Според него ова е крајно несериозно и треба барем политичките партии пред избори да се координираат и да кажат што е проблемот.
МЗМП: Постои правна празнина за застареноста
Од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) велат дека биле поднесени иницијативи до Уставниот суд затоа што подносителите сметале дека доверителите се ставени во понеповолна положба од должниците по повеќе основи. Меѓутоа, Уставниот суд донел одлука дека законот е уставен и не ги прифатил иницијативите.
Од друга страна, од Комора на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ) посочија дека апелационите судови заклучиле дека ниту извршителите, ниту судовите не се надлежни да постапуваат и да ги застаруваат извршувањата.
Граѓаните поднесуваат барања за прекин на извршувањето согласно законот, но извршителите ги отфрлаат барањата и се повикуваат на ненадлежност по определени законски основи.
„Она што може да се забележи е дека постои одредена правна празнина, односно во законските измени не е предвидено кој ќе ја утврди оваа застареност. Не е констатирано дали застареноста ќе ја утврди извршителот, надлежен суд или друг надлежен орган, како и кој може да поднесе барање за застареност на извршување. Дополнително, застареноста не е предвидена како законски основ за запирање на извршувањето согласно Законот за извршување (-член 93, 111, 178 и 213)“, истакнуваат од МЗМП.
КИРСМ: Решението е таму каде што е создаден проблемот – законодавната власт
Од Комората на извршители велат дека тоа што законот е уставен, не значи дека е целосен и применлив. Самите имале сериозен проблем затоа што од нив се бара да спроведат неспроведлив закон, а сметаат дека согласно вака поставената рамка решение не може да има.
Според нив, прашањето е премногу комплексно за да може да се реши со интервенција само во тие одредби и посочуваат дека решението е таму каде што е создаден проблемот, односно во законодавната власт.
Дополнително, сметаат дека овој закон предизвикува штети и не е добар за општата јавност затоа што ги издигнува неплаќачите над плаќачите и ги поттикнува граѓаните да не ги подмируваат обврските.
„Најстрашно од се’ е што се поттикнува одреден начин на однесување, а тоа е да не плаќаш и да бидеш снаодлив. Се формира мислење кај народот дека е добро да не се плаќа. Додека еден сосед плаќа вода и влез редовно без разлика колкава плата или пензија има и двои за да си ги подмири сите обврски е во нерамноправна положба со овој другиот кој што не плаќа од икс причини. Не е фер еден граѓанин да плаќа кредит, а друг да не плаќа и по 10 години тоа да не му важи“, заклучи Игор Антевски, извршител и од тимот за односи со јавност од Комората.
Тој напомена и дека доверители, освен големите банки и претпријатија, често се и физички лица или помали фирми кои не можат да си ги наплатат побарувањата и поради тоа влегуваат во големи проблеми.
„Меѓу другото, доверител може да биде и родителот на кој судот му ги доделил децата и на кој не му се исплаќа алиментацијата. Ако целта на законодавецот беше да заштити одредена категорија граѓани, постојат многу други механизми со кои може да го направи тоа, но не со интервенција во системски закон од нигде-никаде“, поентираше Антевски.
Тој вели дека пред донесувањето на законот, Министерството за правда и Владата со образложение го искажале своето несогласување со така предложените измени, но и покрај тоа, без некоја поширока дебата, Собранието многу брзо го провлекол законот и тој веднаш стапил на сила.
Според вообичаената практика, за ваква комплексна измена, како што вели Антевски требало да се предвиди одложен рок на примена од 6 до 12 месеци, но во овој случај се суспендирало и начелото на важење на законот по 8 дена, период кој обично се остава за јавноста и засегнатите страни да се запознаат со измените.
Глирогова: Државата не се однесува социјално, туку во интерес на крупниот капитал
Ана Глигорова, активистка за човекови права која со години се бори со проблематиката, во своите јавни обраќања на Фејсбук посочи дека е во постојана комуникација со луѓе засегнати од „должничкото ропство“. Најголем дел од оние кои и’ се јавуваат, вели таа, се во социјална беда и имаат проблеми, а многу од нив немаат среќа да ги издржат долговите па поради тоа им завршува животот предвреме.
Според неа, долговите не смеат да ги наследуваат потомците затоа што тие се посебни индивидуи. Глигорова објаснува и дека во цивилизираните земји се води сметка за личен банкрот, односно кога човекот не е во состојба да плати и затоа постојат системите на застарување кои вообичаено се од 3 до 5 години.
„Македонија не е социјална држава и тоа го покажува во секој сегмент од живеењето. Самата држава и партиите кои ја водат во изминатите 30 години немаат социјална свест да разберат што му треба на граѓанинот доколку остане без работа и средства, ако се разболи или ако има семејни проблеми како што се болест, инвалидитет и икс други ситуации кои можат да не’ сретнат во животот, а и ние нив. Државата не се однесува социјално, туку во интерес на крупниот капитал, односно големите фирми и банките“, истакна Глигорова.
Од Комората, пак, велат дека луѓето од ранливи категории се заштитети по сила на закон и дека тие не смеат да спроведуваат присилно извршување кај лица кои користат било какво право на социјална заштита. Ако едно лице не работи и не остварува приходи од пензија, долгот не се наплаќа.
Меѓутоа, според Глигорова, не може да му се извршува ниту на човек кој зема од 9 до 12 илјади денари пензија или кој има плата од 23-24 илјади денари, затоа што така му се одзема третина или петтина од примањата. Таа забележува дека постои огромен проблем со многу голем број на сиромашни луѓе кои не можат да платат побарувања од пред 20-30 години.
„Земаме афрички плати, плаќаме европски цени и додатно на тоа имаме ‘лихвари’ кои државата ги поддржува“, забележува активистката.
Што е со рокот за жалба?
Дополнително кон оваа проблематика, Народниот правобранител рече дека извршителите манипулираат со граѓаните така што не ги поучуваат за рокот на жалба од 3 дена во образецот за извршување.
На ова, извршителот Антевски тврди дека постапуваат по обрасци кои и да сакаат не можат да ги менуваат, а се јавно достапни на страниците на Комората на извршители и Министерството за правда. Според него, во правната поука стои дека должникот има право да поднесе приговор до надлежен суд во рок од 3 дена.
„Гарантирам дека извршителите 99,9% работат на овој начин. Нема поента да го скратуваш правото на странката да поднесе приговор, затоа што судот најчесто ги одбива приговорите и полесно можам да и’ објаснам на странката дека не постапувам неправилно, туку согласно законите“, образложи Антевски.
Според објавениот образец достапен на веб-страницата на Министерството за правда во делот на правна поука, недостасува нагласување на тридневниот рок.
Од МЗМП велат дека според нивното искуство, граѓаните најчесто дознаваат за постапката за извршување во моментот кога нивните банкарски сметки се блокирани.
Според укажувањата на странките причините за тоа биле различни, а најчеста била неуредна достава на актот.
„Важно е да се напомене дека граѓаните имаат право на приговор во рок од 3 дена од денот на осознавање на незаконитоста или непреземање на дејствието, а не од денот на носење на актот од страна на извршителот“, нагласуваат од МЗМП.
Министерството за правда се прогласи за ненадлежно за застарени долгови
На денешниот протест пред Министерството за правда, организациите „Човекот над профитот“ и „Нон пасаран“ од министерот за правда побараа да им наложи на извршителите да го почитуваат законот за застарување на долговите.
„Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна. Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот се застарува“, изјави активистката Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.
Министерството за правда, пак, се прогласи за ненадлежно да дава автентично толкување на законските норми, туку тврди дека тоа е во рацете на Собранието. A, надлежност пак да го застарат предметот имаат судовите.
Ангела Петкова
-
Ligji për vjetërsimin e borxheve është i pazbatueshëm, kërkohet zgjidhje nga Kuvendi
Qytetarët çdo ditë dorëzojnë ankesa te Avokati Popullit, gjykatat dhe Konfederata e Organizatave Sindikale të Maqedonisë për shlyerjen e borxheve, ndërsa përmbaruesit, gjykatat dhe komuniteti i juristëve thonë se, me ligjin e ri nuk është e përcaktuar se kush duhet të zbatojë vjetërsim të borxheve. Për këtë problematikë sot kishte dhe protestë, ku qytetarët kërkuan që përmbaruesit të fillojnë t’i vjetërsojnë borxhet.
Me ndryshimet e Ligjit për marrëdhënie obligative dhe Ligjit për përmbarim, të cilët u miratuan nga Kuvendi më 18 korrik, ndërsa hynë në fuqi dy ditë më vonë, kamata e borxheve është kufizuar dhe tani shuma e kamatës është sa shuma e njëjtë e borxhit. Gjithashtu, vendoset edhe afat i vjetërsimit në procedurën përmbarimore, që përbën 10 vite nga momenti i kërkesës së dorëzuar për përmbarim.
Derisa kufizimi i kamatës së boxheve zbatohet, vjetërsimi mbetet problem i pazgjidhur juridikisht.
“Çdo ditë vijnë një numër i madh i ankesave nga qytetarët. Nuk e kam të qartë atë që e kanë bërë, më mirë të mos miratonin asnjë ligj se sa të miratojnë një të pazbatueshëm. Luajnë me njerëzit”, thekson Marjan Risteski, kryetari i KOSM për Radio MOF.
Risteski thotë se, në Kuvend ka jurist, avokat dhe profesorë të drejtësisë të cilët dukshëm nuk e dinë se çfarë kanë miratuar dhe tash më një kohë nuk dinë se si të reagojnë. Ai bëri thirrje që të dalë dikush dhe të sjellë konkludim, të urdhërohet zbatimi i ligjit apo të pranohet gabimi.
“Prindërit i dërgojnë fëmijët në vende të huaja të fitojnë ndonjë denar, që të munden ata të marrin frymë, bëhet fjalë për probleme të thella familjare që dalin nga kjo çështje. Në një shtet normal kjo zgjidhet për 4 orë, shqyrtohet situata, konstatohet lëshimi dhe thuhet zgjidhja, te ne pritet 8 muaj. Është e ndershme të dalin dhe të tregojnë çfarë është problemi, në vend se të heshtin kështu”, shtoi Risteski.
Njëkohësisht, ai sqaron se sindikatat dhe shoqatat qytetare për të drejtat e njeriut, janë mbledhur me vite dhe kanë luftuar për këtë problem dhe se, nuk do të heqin dorë. Sipas tij, kjo është skajshmërisht joserioze dhe duhet partitë politike të pakten para zgjedhjeve të koordinohen dhe të tregojnë se çfarë është problemi.
SHJRM: ka zbrazëtirë ligjore për vjetërsimin
Nga Shoqata e juristëve të rinj të Maqedonisë (SHJRM) thonë se, i janë dorëzuar iniciativa Gjykatës Kushtetuese sepse kërkuesit kanë vlerësuar se, kreditorët janë vënë në pozitë më të pavolitshme nga debitorët për disa arsye. Megjithatë, Gjykata Kushtetuese miratoi vendim se, ligji është kushtetues dhe nuk i ka pranuar iniciativat.
Nga ana tjetër, nga Oda e Përmbaruesve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, theksuan se, gjykatat e apelit kanë konkluduar se, as përmbaruesit, as gjykatat nuk janë kompetentë për të vepruar dhe t’i vjetërsojnë përmbarimet.
Qytetarët dorëzojnë kërkesa për ndërprerje të përmbarimit në përputhje me ligjin, por përmbaruesit i hedhin poshtë kërkesat dhe thirren në jokompetencë sipas bazave të caktuara ligjore.
“Ajo që mund të vërehet është se ekziston zbrazëtirë ligjore, përkatësisht në ndryshimet ligjore nuk është e parashikuar se kush do ta konstatojë këtë vjetërsim. Nuk është konstatuar nëse vjetërsimin co ta konstatojë përmbaruesi, gjykatësi kompetent apo ndonjë organ tjetër kompetent, si dhe kush mund të dorëzojnë kërkesë për vjetërsim të përmbarimit. Për më tepër, vjetërsimi nuk është paraparë su bazë ligjore për ndërprerjen e përmbarimit në përputhje me Ligjin për përmbarim (-neni 93, 111, 178 dhe 213)“, theksojnë nga SHJRM.
OPRMV: Zgjidhja është aty ku është krijuar problemi – pushteti legjislativ
Nga Oda e Përmbaruesve thonë se, fakti që ligji është kushtetues, nuk do të thotë se është i plotë dhe i zbatueshëm. Vet kanë psur problem serioz sepse prej tyre kërkohet të zbatojnë ligj të pazbatueshëm, ndërsa vlerësojnë se, nuk mund të ketë zgjidhje me një kornizë ligjore të vendosur në këtë mënyrë.
Sipas tyre, kjo çështje është shumë komplekse që të mund të zgjidhet me intervenim vetëm në ato dispozita dhe theksojnë se, zgjidhje është aty ku është krijuar problemi, përkatësisht në pushtetin legjislativ.
Për më tepër, vlerësojnë se ky ligj shkakton dëme dhe nuk është i mirë për publikun e gjerë, sepse i ngrit ata nuk paguajnë mbi ata që paguajnë dhe i nxit qytetarët të mos i përmbushin detyrimet e tyre.
“Më e frikshme se gjithçka, është se nxitet një mënyrë e caktuar e sjelljes, ndërsa ajo është të mos paguash dhe të jesh i gjindshëm. Formohet mendim te populli se është mirë të mos kryhen pagesa. Derisa një fqinj paguan ujë dhe për hyrjen rregullisht, pavarësisht se sa e ka pagën apo pensiomnin dhe ndan që të përmbush obligimet e tij është në pozitë të pabarabartë me këtë tjetrin që nuk paguan për arsye iks. Nuk është fer qytetari të paguajë kredi, ndërsa një tjetër të mos paguajë dhe pas 10 viteve ajo të mos vlejë”, konkludoi Igor Antevski, përmbarues dhe nga ekipi për marrëdhenie me opinionin nga Oda.
Ai tha se, kreditorë, përpos bankat e mëdha dhe ndërmarrjet, shpesh janë edhe persona fizikë apo kompani më të vogla të cilat nuk mund t’i paguajnë kërkesat dhe për këtë hyjnë në probleme më të mëdha.
“Mes tjerash, kreditorë mund të jetë edhe prindi të cilit gjykata ia ka dhënë kujdestarinë e fëmijëve dhe të cilit nuk i paguhet alimentacion. Nëse qëllimi i legjislacionit ishte të mbrohet një kategori e caktuar e qytetarëve, ekzistojnë shumë mekanizma të tjerë me të cilin mund ta bëjë atë, por jo duke ndërhyrë nga hiçi në një ligj sistemik”, theksoi Antevski.
Ai tha se, para miratimit të ligjit, Ministria e Drejtësisë dhe Qeveria me elaborim kanë shprehur mospajtueshmërinë e tyre për ndryshumet e propozuara në atë mënyrë, por edhe përkundër kësaj, pa ndonjë debat më të gjerë, Kuvendi e miratoi ligjin shumë shpejtë dhe ai hyri menjëherë në fuqi.
Sipas praktikës së zakonshme, për këtë ndryshim kompleks, siç thotë Antevski është dashur të parashikohet një afat i prolonguar i zbatimit prej 6 deri në 12 muaj, por në këtë rast është suspenduar edhe parimi i vlefshmërisë së ligjit pas 8 ditëve, periudhë kjo e cila zakonisht lihet që opinioni dhe palët e prekura të njihen me ndryshimet.
Gligorova: Shteti nuk sillet në mënyrë sociale, por në interes të kapitalit të madh
Ana Gligorova, aktiviste për të drejtat e njeriut, e cila me vite lufton këtë problemtaikë, në paraqitjet e saja publike në Facebook, theksoi sem është në komunikim të vazhdueshëm me njerëz të prekur nga “robërimi nga borxhi”. Pjesa më e madhe e atyre që i paraqiten, thotë ajo, janë në varfëri sociale dhe kanë probleme, ndërsa shumë prej tyre nuk kanë fat t’i përmballojnë borxhet dhe për shkak të kësaj u përfundon jeta para kohe.
Sipas saj, borxhet nuk duhet t’i trashëgojnë pasardhësit sepse janë individë të veçantë. Gligorova shpjegon gjithashtu se në vendet e civilizuara mbahet llogari për falimentimi personal, pra kur njeriu nuk është në gjendje të paguajë dhe për këtë ka sisteme të vjetërsimit, të cilët zakonisht janë nga 3 deri në 4 vite.
“Maqedonia nuk është shtet social dhe atë e dëshmon në çdo segment të jetës. Vetë shteti dhe partitë që e udhëheqin në 30 vitet e kaluara, nuk kanë vetëdije sociale të kuptojnë se çfarë u duhet qytetarëti nëse mbetë pa punë dhe mjete, nëse sëmuret apo nëse ka probleme familjare siç janë sëmundje, invaliditet dhe iks situata të tjera të cilat mund të na ndodhin në jetë. Shteti nuk sillet në mënyrë sociale, por në interes të kapitalit të madh, përkatësisht kompanitë e mëdha dhe bankat”, theksoi Gligorova.
Ndërkaq, nga Oda thotnë se, njerëzit e kategorive të rrezikuara janë të mbrojtur me ligj dhe se ato nuk guxojnë të zbatojnë përmbarim të detyruar te persona që shfrytëzojnë çfarë do të drejte të mbrojtjes sociale. Nëse një person nuk punon dhe nuk ka të ardhura nga pensioni, borxhi nuk paguhet.
Megjithatë, sipas Gligorovës, nuk mund të realizohet përmbarim as një personi i cili merr nga 9 deri 12 mijë denarë pension apo i cili ka pagë prej 23-24 mijë denarësh, sepse në atë mënyrë i merret një e treta apo e pesta e të ardhurave. Ajo nënvizon se ekziston një problem i madh me një numër shumë të madh të njerëzve të varfër të cilët nuk mund të paguajnë kërkesa prej para 20-30 viteve.
“Marrim paga afrikanë, paguajmë çmime evropian dhe përpos kësaj kemi “fajdexhi” të cilët mbështet shteti”, thotë aktivistja.
Çfarë ndodhë me afatin për ankesë?
Përpos kësaj problematike, Avokati i Popullit tha se, përmbaruesit manipulojnë me qytetarët duke mos i udhëzuar për afatin 3 ditor për ankesë në formularin për përmbarim.
Në lidhje me këtë, përmbaruesi Antevski thotë se, veprojnë sipas formularëve dhe edhe po të duan, nuk mund t’i ndërrojnë, ndërsa janë të qasshme publikisht në faqet e Odës së përmbaruesve dhe Ministrisë së Drejtësisë. Sipas tij, në udhëzimin ligjor qëndron se, debitori ka të drejtë t’o dorëzojë ankesë gjykatësit kompetent në afat prej 3 ditësh.
“Garantoj se, 99,9% e përmbaruesve punojnë në këtë mënyrë. Nuk ka esencë t’ia mohosh të drejtën palës që të dorëzojnë ankesë, sepse gjykata më së shpeshti i refuzon ankesat dhe më lehtë mund t’ia sqarojë palës se nuk veprojë në mënyrë të paligjshme, por në përputhje me ligjet”, tha Antevski.
Sipas formularit të publikuar në ueb faqe të Ministrisë së Drejtësisë në pjesën e udhëzimit ligjor, mungon theksimi i afatit treditor.
Nga SHJRM thonë se, sipas përvojës së tyre, qytetarët më së shpeshti kuptojnë për procedurën për përmbarim në momentin kur llogaritë e tyre bankare janë të bllokuara.Sipas indikacioneve të palëve, arsyet për këtë ishin të ndryshme dhe më e shpeshta ishte dorëzimi jo i duhur i dokumentit.
“Është e rëndësishme të përmendet se, qytetarët kanë të drejtë ankese në afat prej 3 ditëve nga dita kur e kanë kuptuar paligjshmërinë apo mosmarrjen e veprimeve dhe jo nga dita e miratimit të aktit nga ana e përmbaruesit”, theksojnë nga SHJRM
Ministria e Drejtësisë është deklaruar jokompetente për borxhet e vjetëruara
Në protestën e sotme para Ministrisë së Drejtësisë, organizatat “Njeriu mbi fitimin” dhe “Non pasaran” kërkuan nga ministri i Drejtësisë t’iu urdhërojë përmbaruesve të respektojnë ligjin për vjetërsimin e borxheve.
“Gjykata Kushtetute është u pozicionua në anën tonë, Avokati i Popullit u pozicionua në anën tonë. Vetëm ju, pushteti ekzekutiv, nuk jeni në anën tonë. Ligji është decid, 10 vite nga një dokument përmbarues, vjetërsohet gjithkund në botë”, deklaroi aktivistja Ana Gligorova nga shoqata “Njeriu mbi fitimin”.
Ndërkaq, Ministria e Drejtësisë u deklarua për jo kompetente që të japë interpretim autentik të normave ligjore, por pretendon se ajo është në duar të Kuvendit. Ndërsa kompetenca për të vjetërsuar lëndën kanë gjykatat.
Angela Petkova