„Зaнима Бунди“ ќе го тужи студентскиот дом „Стиф Паунов“ за злоупотреба на бубашваби во исхраната

paravest stiv pic 585Здружението за заштита на животни „Знима Бунди“ ќе покрене тужба против студентскиот дом „Стиф Паунов“ во Скопје заради злоупотреба на група инсекти кои се користени за приготвување на храна за студентите.

Една од основачите на здружението во изјава за нашиот медиум напомена дека со закон строго се забранува користење на инсектите во исхраната, посебно од родот Blattodea кои на народот им се познати како бубашваби или лебарки.

Од студентскиот дом сè уште нема никаков одговор, но студентите со кои разговаравме ни објаснија дека храната е извонредна и дека никогаш не јаделе нешто подобро.

Од „Занима Бунди“ велат дека ваквата постапка е недозволива и истата ќе биде оспорена на Уставниот суд на Македонската Република по пат на демократија, а доколку тоа не помогне, од здружението најавуваат дека ќе превземат дополнителни мерки и преку давање на отпор ќе реагираат до надлежните органи.

#кромид025

predupreduvawe