Бугарската полиција запленила висококвалитетни фалсификувани банкноти произведени во печатница во универзитет во Софија.
Соработката помеѓу бугарската полиција и американските тајни служби резултирала со притворање на две лица, кои биле вработени во универзитетот. Надлежните заплениле и печатарска машина, технологија за приизводство на лажни банкноти, но и фалсификувани евра и долари во голема вредност.
„Вредноста на запленетите банкоти е импресивна, а доказите имплицираат на сериозен криминал“, истакнал шефот на бугарската полиција, Ѓорѓи Хаџиев.
Надлежните истакнале дека вредноста на запленетите банкноти е четири милиони долари и 3.6 милиони евра.
Полицијата смета дека двете осомничени лица биле дел од поголема криминална група која се занимава со шверцување на фалсификувани долари во Украина и фалсификувани евра во Европа.
Двете осомничени лица, односно 48 годишен маж и 54 годишна жена, ги принтале фалсификуваните банкноти по работното време и за време на празниците.
Тие биле платени со 10 отсто од банкнотите кои ги произвеле, за кои надлежите лица истакнале дека биле висококвалитетни фалсификати.
Полицијата во Софија истакнала дека нема докази дали деканите на факултетите биле запознаени за производството на фалсификувани банкноти во рамки на универзитетот.
Според надлежните, ова е досега најголемиот случај за производство на фалсификувани банкноти во Бугарија.
Извор: Euronews