Со проекцијата на филмот „Сен Амур“, синоќа во кино „Милениум“ беше отворено 19 издание на Скопски филмски фестивал. Последнито филм на белгиско – францускиот режисерски двоец Беноа Делепин и Густав Керверн, сто така го отвори и последниот Берлински филмски фестивал
За вечерва во кино Миленум е најавена проекцијата на италијанските филмови „Пожар на море“ и „Крвта на мојата крв“, шпанскиот „Мрачни навики“, како и унгарскиот „Синот на Шаул“. Во Кинотека на Маккедонија пак репризно може да се погледнат филмовте од фестивалските програми
Пожар на море (Fire at the sea), во режија на Gianfranco Rosi
Во 2013 година Џанфранко Роси во Венеција го добива Златниот лав со „Сакро ГРА“,овој пат со „Пожар на море“ ја освојува Златната мечка на Берлинскиот фестивал во 2016 година, доделена од жирито предводено од Мерил Стрип, која филмот го окарактеризира како „Смел хибрид на уловени снимки и промислена наративност што ни овозможува да видиме што може да направи документарецот. Тоа е екстремна, креативна и нужна филмска продукција.“
Филмот го овековечува животот на италијанскиот остров Лампедуза, што се наоѓа на првите линии на бегалската криза во Европа.
Мрачни навики, во режија на Pedro Almodovar
Филмот е истражување на анахронизмот на институционализираната религија во современото шпанско општество, со портретирање на спиритуалниот пустош и моралниот банкрот. Тој е, исто така, екстремно смешен, злобен, трогателен, а надреалноста се должи на искреноста и хуморот.
Синот на Шаул, во режија на László Nemes
Добитникот на Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 2016, „Синот на Шаул“, моќен дебитански игран филм на унгарскиот режисер Ласло Немеш е храбра и бескомпромисна драма што се случува среде Холокаустот. Шаул е член на Зондеркомандо во Аушвиц, тоа се еврејски затвореници задолжени да ги испраќаат своите сонародници Евреи го гасните комори и потоа да се ослободуваат од нивните трупови.
Обземачки и неизмерно силен, тој е еден од најхрабрите и најзабележителни дебија во скорешно време и е веќе означен како ремек-дело на светската кинематографија.22 часот
Крвта на мојата крв (BLOOD OF MY BLOOD) во режија на Marco Bellocchio
„Крвта на мојата крв“ бара особено внимание затоа што Белокио ја детализирал една лавиринтска приказна од завера, предавство и корупција која постојано ви го затресува тлото под нозете. Со оваа храбра и недофатлива сторија, режисерот го уловува чувството на безвременоста на корупцијата и лицемерието и тоа што многу малку работи се смениле во толку многу векови.