Во соработка со ветеринарната комора на Република Македонија и ветеринарните друштва, од вчера Агенцијата за храна и ветеринарство почна со кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици.
За акцијата се набавени 100 илјади микрочипови, и според планираното ќе трае до 31 март 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“ , односно до целосно искористување на набавената количина од микрочипови.
Во кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици вклучени се 143 ветеринарни друштва, со кои Агенцијата за храна и ветеринарство склучи договори за реализирање на оваа активност.
Во продолжение, целосна листа на ветеринарни друштва каде бесплатно може да се микрочипираат милениците.