Синоќа во Велес беше изведена првата од петте најавени претстави на програмата на третото издание од годинашното издание на Фестивалот на алтернативен театар „Импакт“, кој ќе трае до 7 ноември.
Во клубот „Тарантино“ се одигра претставата „Ајде да имаме секс“ на Теа Беговска. Вечерва пак, на малата сцена во театарот во Велес ќе биде изведена и втората претстава „Со љубовта шега нема“ на Интимен театар од Скопје.
Инаку, вчера по улиците на Велес беше изведен и првиот перформанс преземен првпат во Македонија од Прашкото квадринале, а беше изведен перформансот „Некои“ од бугарскиот слободен автор и сценограф Лили Џагарова.
Пет девојки од Велес, облечени во црна облека и на знамиња, со заштитни маски прошетаа низ градот и пренесоа порака против молчењето.
Денеска по велешките улици ќе има нова костимска презентација на Ханс Харлинг од Либан, со проектот ,,Плас-тик“.
Во наредните денови ќе бидат изведени и перформансите „Враќање на рајот,“ од Лиса Клите од Данска и „Булки“ на Емили Обијен од Ирска.
Фестивалот „Импакт“ е финансиски поддржан од Европските фондови, од Германската фондација „Алијанс“, а годинава првпат од Министерството за култура и со техничка поддршка на велешкиот театар каде се одржуваат дел од претставите на „Импакт“.