Започна масовната депортација на илегални имигранти од САД

САД уапсија 538 илегални имигранти и депортираа стотици во масовна операција, објави Белата куќа, само неколку дена откако Доналд Трамп го започна својот претседателски мандат, јавува Радио Слободна Европа.

Соопштението доаѓа откако новиот американски претседател го започнува своето прво патување денеска во Северна Каролина и Калифорнија, две држави погодени од природни катастрофи за кои Трамп жестоко критикуваше.

„Администрацијата на Трамп уапси 538 илегални имигранти криминалци. Во тек е најголемата операција за масовна депортација во историјата. Ветувањата се исполнети“, објави портпаролката на Белата куќа Каролина Левит на X, додавајќи дека „стотици“ биле депортирани со воени авиони.

Доналд Трамп вети дека ќе се бори против нерегуларната имиграција во својата предизборна кампања и го започна својот втор мандат на 20 јануари со серија извршни наредби за запирање на приливот на имигранти во САД.

Toj прогласи „вонредна состојба“ на јужната граница со Мексико и најави распоредување на војници, ветувајќи дека ќе ги протера „странските криминалци“.

На денот на инаугурацијата на Трамп, американскиот Сенат, каде мнозинството е од Републиканската партија, усвои нацрт-закон со кој се бара од федералните агенции за спроведување на законот да ги приведат ирегуларните имигранти осомничени за одредени кривични дела.