Започна Националното дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум

Започна Националното дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Ова е 155-от дебатен турнир во рамки на 25-годишното постоење на организацијата, а се одржува до недела (15 декември).

Тезата на ова првенство е „Овој дом би приоритизирал интегрирање на бегалците во заедниците кои ги примаат, наместо нивно враќање во татковината“.

Актуелноста на самата теза, како што велат од МОФ ќе предизвика спротивставување на аргументите на 2 тима во финалето, кои ќе се обидат да ја докажат својата страна.

МОФ како единствената организација која нуди едукација за дебата, структурирано аргументирање и јавно говорење, секоја година два пати организира Национални дебатни првенства кои обединуваат над 200 средношколци кои ги покажуваат своите дебатерски вештини и компетитивност.

Ова издание на првенството е поддржано од УНХЦР преку проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага“.