Истовремено со европската, во Македонија денеска беше промовирана Националната кампања против говорот на омраза на интернет насловена „Младите луѓе за човековите права“. Целта на проектот е зголемување на одговорноста при користење интернет, утврдување на говорот на омраза во онлајн комуникацијата и борба против секој вид дискриминацијата.
Кампањата е насочена пред се кон младите луѓе на возраст од 13 до 30 години, а национален координатор е Агенцијата за млади и спорт. Според директорот на Агенцијата, Лазар Поповски, оваа кампања нема да се бори за ограничување на слободата на медиумите, туку има за цел да ја зголеми јавната свест и да помогне во полесно препознавање на говорот на омраза. Како дел од Националниот Комитет покрај надлежните министерства за овој проблем, вклучени се и повеќе граѓански организации.
Izjava Lazar Popovski by Radio Mof on Mixcloud
Најголемиот дел од активностите се однесуваат на проблемите со говорот на омраза на интернет, но како дел од кампањата е планирано да се спроведат и повеќе тренинзи за учениците од средните училишта, објаснуваат од Агенцијата за млади и спорт.
Проектот ќе трае една година, од март 2013 година до март 2014 година.
Добринка Темелкова