Започна петтото издание на „Мобил фестивал“

Во Младинскиот културен центар, денеска (27.11.2014) и утре ќе се одржи петтиот интернационален фестивал за филмови снимени со мобилен телефон, „Мобил фестивал 2014“.

Во 18 часот ќе започне проекцијата на филмовите, а во сабота ќе бидат прогласени овогодинешните победници и ќе бидат доделени наградите.

Воедно, денеска ќе се одржи работилница на тема „Нов бизнис модел за дистрибуција на независни филмови“ што ќе ја води Навид Сарем, проект координатор во Eye On Films, од Франција. Новиот модел ќе ги промовира дебитантските филмови и новите автори преку заедничка промоција на филмски фестивали и во медиумите преку локалните дистрибутери.

Работилницата е поддржана од Агенцијата за филм на Република Македонија.