Уметници, професори, новинари, хонорарци и голем број граѓани се собраа во Жена паркот во Скопје. Со свирежи и извици „Уа“ тие тргнаа на протестот поради новите одредби за плаќање придонеси за хонорарите кои стапија во сила од 1 јануари.
Од Собранието тие продолжуваат кон Министерство за труд и социјална политика, а потоа својот револт од новите давачки ќе го искажат пред Владата.
Протестот завршува во Слободната студентска зона, која ја создадоа студентите на УКИМ, во зградата на Филозофско/Филолошкиот факултет.