Во Сараево се одржува второто издание на годишната конференција Point во организација на организацијата „Зошто не“ од Босна. Конференцијата за политичка одговорност и нови технологии не е ограничена за публиката во Сараево, и може да се следи на интернет преку видео стрим на http://point.zastone.ba/live-
Point е регионална конференција на граѓански организации од седум земји од Jугоисточна Европа кои интензивно се ангажирани во користење на нови технологии во нивната работа за институционална одговорност, транспарентност, граѓанско учество, човекови права и други теми важни за граѓанското општество.
Дел од темите на кои гостите говорници кои ги споделуваат своите приказни и знаења се:
– Раскажување на приказни преку податоци и мултимедија (Tech Soup, Полска, Tactical Tech Collective, Германија, Qabilla, Eгипет, Докукино, Србија, Cyprus Community Media Center, Кипар, Зошто не, босна.
-Како да направиш објекти на надување – Уметноста како сервис на активизмот (Tools for action, Германија).
– Собирање на информации, визуелизација и интерактивно мапрање – USHAHIDI, САД
Вториот и третиот ден од конференцијата може да се следат од 9:30 – 18:00 часот, додека темите кои ќе бидат опфатени во тој период се: како до импакт од мониторингот на иституции и мерење на вистинитоста и отчетноста, слобода и владина одговорност во Либија, онлајн граѓанско учество во Исланд и институционалната одговорност по револуцијата во Тунис.
Со свои презентации на конференцијата ќе се претстават и македонски организации: Фондација Метаморфозис, која е партнер на настанот, како и Младински образовен форум.
Хаштагот на кој може да се следи твитер дискусијата на конференцијата е #point2013