Започна шестото издание на Пиволенд

Започна шестото издание на Пиволенд Започна долго очекуваниот Пиволенд, фестивалот кој годинава е вратен на старата локација – Скопското Кале. Ова секако ги израдува посетителите, пред се поради можноста за враќање на вистинскиот дух на Пиволенд.

На самиот почеток на фестивалот можеше да се забележи депресивната атмосфера која ни ја донесе врнежливото време, а иако стејџовите требаше да бидат подготвени, сепак на сите страни се завршуваа последните поправки. Но лошата атмосфера исчезна време на настапот на Оливер Дуев Латино кога веќе почнаа да се собираат посетителите, луѓето и со што и официјално започна забавата.

Buco Beat Box потоа ја загреа атмосферата петнаесетина минути за ДНК за кои веќе се наполни Пиволенд поради нивните верни слушатели. Интересно за нив и изненадување за публиката беше што го „позајмија“ саксафонистот од Хаџиманов бенд и ја вистински ја загреаа публиката. Веднаш по нив Хаџиманов бенд настапи со препознатливата музика во која сите можеа да ги почувствуваат своите корени измешани со модерниот звук.

Врвот на овој стејџ го достигнаа Хабана микс чии звуци навистина ги разбудија скопјани кои докажаа дека без разлика на мирисот на скарата и калта на Скопско Кале, се додека имаат пиво знаат да се забавуваат. Потоа и диџеј Димитри од Чаир ги израдува вистинските хип хоп фанови кои уживаа во неговиот избор на музика.

На Кавер стејџот во малку посмирена атмосфера настапуваа IQ и Бени Шакири, кој иако беше мал,за изненадување на привиот фестивалски ден беше преполн.

Започна шестото издание на Пиволенд

Она што претставуваше вистинско изненадување за овој Пиволенд беше Радио МОФ стејџот кој иако со мало задоцнување покажа на Пиволенд дека постои простор и интерес од љубителите на алтернативната музика кои овде дојдоа да се журкаат. Фактот што овој стејџ се наоѓаше малку одвоен од главната сцена и од целата гужва, создаде слика како да се случува мини фестивал внатре во самиот Пиволенд. Овде синоќа настапија Апостолоски, D.LIte и Атанасовски, а журката траеше до доцна во ноќта.

Годинава љубителите на пивото ќе имаат можност да дегустираат пива од македонски производители, но и онакви кои немаат можност да ги дегустираат секојдневно од производители од поблиските и подалечни земји, неизбежните германски, чешки како и пива од Англија. Пивото чини од 70 до 200 денари, а тезгите со скара и мезе остануваат важен сегмент и од годинешната понуда на Пиволенд.


Сара Миленковска