Од денеска започна снимањето на краткометражниот филм „Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на ДФВП Партизанс.
Филмската приказна ја следи Тина, 22-годишна интровертна девојка со ниска самодоверба која се бори со идејата како треба да изгледа нејзиното тело. Таа е под влијание на моделите на патријархалното општество и луѓето околу неа.
Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стевковска, Тамара Ристоска, Јордан Симонов, Емилија Мицевска Трајковиќ и Ненад Митевски.
Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, снимател на тон Игор Поповски.
Проектот ќе се снима на локаци во Скопје до 1 декември, а е финансиран со средства од Агенцијата за филм на Македонија.