Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) го започнува процесот на креирање на нова Национална Стратегија за млади на Република Македонија (2016-2025), во која треба да бидат опфатени следниве приоритетни области: образование, вработување и поддршка пред вработување, спорт, квалитет на живеење, здравство и первенција, партиципација на младите, младинско информирање, култура и локална младинска работа.
Првиот промотивно – работен настан ќе се одржи во четврток, на 5 февруари со почеток во 10: 30 часот на Скопски саем, Бизнис сала.
Воведни обраќања на отворањето на настанот ќе имаат Луиза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Марјан Спасески, директор на Агенција за млади и спорт.
На настанот ќе бидат презентирани извештајот за остварените цели од Националната Стратегија за млади (2005-2015), како и истражувањето за младински трендови во Република Македонија.